Почетна Политичка теологија За политичкиот ислам и запдното општество
За политичкиот ислам и запдното општество

За политичкиот ислам и запдното општество

212
0

Зошто Западот го креираше, а тоа го прифатија секуларистите и либералите во арапскиот свет и исламофобните медиуми во светот и на Балканот, терминот „политички ислам“ со негативен призвук, и покрај фактот што тој асоцира на интегритет и на политичка незавизност?

Ова е една од дилемите и темите за дебата во западното општество. Еден од одговорите што на ова прашање ги дал е и почитуваниот доктор Мустафа Махмуд, пред својата смрт. Во неговата книга „Политичкиот ислам и идната битка“ запишал:

„Кога западните политичари изјавуваат дека немаат ништо против исламот како вера и дека не се непријатели на исламот, тие на еден начин се искрени во тоа. Тие навистина немаат ништо против тоа што ние клањаме, постиме, извршуваме хаџ, цели денови и ноќи поминуваме во ибадет, зикр, дови… Тие немаат ништо против тоа ние целиот живот да го поминеме во тевекул, во итикаф во џамиите, да Го обожуваме Аллах како што сакаме и да Го величаме како што знамеме. Тие немаат ништо против обредословниот ислам – исламот на обредите и на скрушената побожност (зухд). Тие немаат ништо против тоа целиот ахирет да ни припаѓа на нас. Тоа воопшто не ги интересира и тие воопшто не размислуваат за тоа. Напротив, понекогаш го подржуваа суфизмот и изолираноста, и биле поддржувачи на шеховите на поедини тарикати и редовно ги бранеле.
Меѓутоа, нивното непријателство и борба се насочени кон другиот вид ислам, исламот кој им претставува конкуренција во управувањето со светот и во неговото градење на други вредности. Исламот кој за нив претставува конкуренција на овој свет, кој бара простор за себе за активно учество во тековите на животот.
Исламот кој сака да изгради културен пат, да изгради други вредности во меѓучовечките односи, други модели на уметност и мисла…
Исламот кој сака да ја напредне науката, изумителството и технологијата, но со потполно поинакви цели кои се спротивни на надмоќта, освојувањето, непријателството и монополот.
Политичкиот ислам кој оди подалеку од личното преобразување на поединецот до преобразување на општеството, цивилизацијата и на комплетниот светски поредок.
Во овој случај компромисот не доѓа предвид и не постои ни малку толеранција. Напротив, станувазбор за жестока војна. Секој ќе го испали врз тебе своето оружје. Можеби ќе те погодат куршуми дури и од некоја од муслиманските држави. Западниот стил на живот денес се претворил во добро наоружана тврдина, која не прифаќа никаква конкуренција, ни алтернатива.

/ИСЛАМСКИ ЦЕНРА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *