Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе биде свечено примен како редовен надворешен член на Француската академија за морални и политички науки на церемонија што ќе се одржи на 30 март 2026 година во Институтот на Франција.
Изборот на патријархот беше ратификуван со указ потпишан на 28 април 2025 година од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Со ова, Вартоломеј го зазема местото кое претходно го имал истакнатиот теолог Јозеф Рацингер, подоцна папа Бенедикт XVI.
На церемонијата, претседателот на Академијата, Жан-Давид Левит и генералниот секретар Бернар Штирн ќе го пречекаат Вселенскиот патријарх, додека академикот Тиери де Монбриал ќе одржи свечено обраќање.
Согласно традицијата, новоизбраниот член ќе одржи говор на француски јазик, во кој ќе се осврне на својот претходник, папата Бенедикт XVI, и на неговото богословско и интелектуално наследство.
Истиот ден, Вселенскиот патријарх ќе оствари средби со претседателот Емануел Макрон и со премиерот Себастиен Лекорну.
Патријархот Вартоломеј заминува за Париз на 28 март, придружуван од делегација во која се Митрополитот Емануил од Халкидон, како и претставници на Вселенската патријаршија. Во Париз, кон делегацијата ќе се приклучат и Митрополитот Димитриј од Галија и Епископот Амвросиј од Синоп.

