Почетна Вести Регион Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе оди на средба со Ципрас и со грчкиот Архиепископ
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе оди на средба со Ципрас и со грчкиот Архиепископ

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе оди на средба со Ципрас и со грчкиот Архиепископ

321
0

Синодот на Вселенската Патријаршија донел одлука Партијархот Вартоломеј да замине во Атина на средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас и со грчкиот Архиепископ Јероним.

Веста за патувањето на Вартоломеј во Атина ја објави Вселенската патријаршија, како дел од заклучоците на синодот.

Сепак, освен дека Вартоломеј ќе патува во Атина, друга информација за деталите нема. Единствено се посочува дека на средбата ќе се разговара за прашања од заеднички интерес.

Сепак, лесно може да се претпостави дека на оваа средба ќе се разговара за автокефалноста на Украина, што на 6 јануари ја додели Вселенската патријаршија.

Исто така, за очекување е тема на разговор да биде и автокефалноста во Македонија, особено по одлуката на Собранието да ги изгласа уставните измени.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *