Почетна Вести Христијанство Вселенскиот патријарх повика на разум и мир во процесот на преговорите за името
Вселенскиот патријарх повика на разум и мир во процесот на преговорите за името

Вселенскиот патријарх повика на разум и мир во процесот на преговорите за името

163
0

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј повика на мир и воздржаност пред утрешниот протестот во Атина, апелирајќи дека важните и чувствителни прашања треба да се решаваат со воздржаност и мудрост.

Оваа пораката на вселенскиот патријарх Вартоломеј пред се е испратена кон Грчката православна црква во која овој период има голема поделеност околу нејзината улога во протестите, кои во себе имаат многу национализам.

-Во врска со преговорите за името на ПЈРМ, Вселенската патријаршија, како мајка црква на сите православни цркви на Балканот, повикува до сите засегнати страни на трезвеност и воздржаност со цел ова важно и чувствително прашање да се решава во мир и мудрост“, стои во апелот на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Под силни безбедносни мерки, со затворени улици од денеска попладне, но и метро станици утре на плоштадот Синтагма ќе се одржи долго најавуваниот протест за одбрана на името Македонија.  Од сите краеви на земјата, организирани со автобуси, бесплатно или по цени со 50 насто попуст, учесниците ќе пристигнат  во Атина. „Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот.

Можното учество на десничарски популисти и националисти на демонстрациите предизвикува главоболки. Пратениците од десничарско екстремната партија Златна Зора учествуваа и на протестот во Солун, но се воздржаа од политички изјави. Токму затоа и грчката полиција ги зајакнува безбедносните мерки, а низ центарот на Атина може да се минува само пеш.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *