
Јован Вранишковски е главната причина за денешната конфузна ситуација во Српската Патријаршија и промената на ставовите на СПЦ околу учеството на Соборот на Крит.
Српски „Блиц“ објави дека вонредното заседание на проширениот состав на Синодот на СПЦ било резултат на писмо што Вранишковски му го испратил на Патријархот Иринеј во кое го „цинкари“ бачкиот Епископ Иринеј Буловиќ (инаку негов ментор и креатор на идејата за ПОА) дека ги известил другите помесни православни цркви оти СПЦ дефинитивно нема да учествува на Соборот на Крит.
Во писмото на Вранишковски, кое го објави „Блиц“ и кое било потпишано и од уште неколкумина владици на СПЦ, иако не се споменувал со име, Буловиќ практично бил обвинет дека се обидува да изврши „пуч во СПЦ“. Тоа, според весникот, било под наговор на Руската православна црква.
– Еден човек го фрли под нозе и собор и соборност и патријархот – пишува во писмото на Вранишкоски и другите што се заложиле за одењето на Kрит за да му се придружат на Вселенскиот патријарх.
Неколку часа подоцна, Јовановата ПОА објави дека Вранишковски ќе биде дел од делегацијата на СПЦ која ќе патува на Соборот на Крит.