Почетна Анализа Воведува ли МПЦ-ОА српска камилавка кај свештениците, монасите и епископите?
Воведува ли МПЦ-ОА српска камилавка кај свештениците, монасите и епископите?

Воведува ли МПЦ-ОА српска камилавка кај свештениците, монасите и епископите?

1.78K
2

Свештениците на Брегалничката епархија добија нов имиџ. Од неодамна на богослужбите, но и во официјалните контакти носат нови камилавки (капи), но она што паѓа в очи е што изборот паднал на српскиот традиционален стил на камилавки.

Оваа одлука на Брегалничката епархија најверојатно е поврзана со одлуката на Синодот во работен состав (тројца владици) од јуни оваа година со која ги задолжува сите свештенослужители на МПЦ-ОА на официјалните настани да носат долна и горна мантија и камилавка. Но во одлуката на Синодот стои дека камилавките мора да бидат различни од оние што се носат во соседните цркви.

Свештеници на Брегалничката епархија со српска камилавка

Ако според одлуката камилавките што треба да ги носат македонските свештенослужители, монаси и архијереи, треба да бидат различни од оние што се носат во соседните цркви, тогаш логиката прашува дали изборот да се набават српски камилавки е непочитување на одлуката на Синодот на МПЦ-ОА, или пак СПЦ не е соседна и посебна црква, туку е исто што и МПЦ-ОА?

Синодската одлука од јуни

Одлуката на тричлениот синод сама по себе е контрадикторна бидејќи не постои македонски стил на камилавка, а во православниот свет постојат само три традиционални стилови на камилавки. Едниот класичниот византиски стил општо прифатена капа во источното правосавие, а е присутен и денес во најголемиот број православни цркви, вториот рускиот традиционален стил, запазен само во Русија и третиот српскиот традиционален стил.

Дали има друга заднина во одлуката на Синодот на МПЦ-ОА е друго прашање, но ако се следи чекорот на Брегалничката епархија и ако Синодот не го смета тоа како прекршување на одлуката, а го смета како прекршување на пример носење на класична, традиционална византиска камилавка, тогаш тенденцијата, а и мотивите се јасни.

Свештеници на БПЦ со традиционална камилавка

Како настанал српскиот стил на камилавка?

Денешната свештеничка капа, камилавка е во цилиндричен облик, направена од чоја, картон, постава и кожа околу отворот за главата. Во Црквата се користи од 16 или 17 век и на почетокот била идентична за сите која завршувала на врвот со кратка стреа. Според некои извори потеклото и е од Влашка и Молдавија, според други многу порано од Византија, користена и како благородничка капа, а подоцна ги заменува дотогашните неунифицираните епископски и свештенички шапки, постепено станувајќи официјален дел од облеката на црковниот клир на православната Црква.

Романски свештеници со традиционална камилавка

Таа црната висока камилавка со венец на врвот денес е епископска, свештеничка и ѓаконска капа во речиси сите помесни православни цркви, од гркојазичните Константинопол, Александрија, Антиохија и Ерусалим, Кипар, Грција, па се до Бугарија, Романија, Албанија, Украина, а во последно ввреме и во Грузија.

Вториот стил на Камилавка настанал во Русија и во Руската православна црква, кои и денес ја носат познатите „Клобуци“. Тие капи биле одлика на руските болјари, а потоа, наметнати и на епископите и на свештениците, па дури и кај монасите.

Станува збор за прилично високи капи, кои наместо како цилиндар форма, карактеристична за традиционално византиско-грчка камилавка, се во форма на пресечен конус кој се шири оддолу нагоре. Врвот завршува со рамен пресек.

Српска камилавка без појас

Третиот познат стил на камилавка е српскиот стил. Станува збор за краток пресечен цилиндар со рамен врв. Тоа практично е тврда платнена скуфија (традиционална монашка капа, но таа е мека) со постава и со картон. Српскиот стил е речиси идентичен како византиската камилавката, но без стреа на врвот. Во српскиот стил се разликува и свештеничка и епископска капа. Разликата е во светликавиот појас што го има на капата кај владиците, кој потсетува на чалмата од оџа, која практичко е фес со бел превез, и ја означувал во Отоманската империја судско-цивилната власт над верниците.

Прилепски свештеници 19 век

Она што е инетресно е дека во СПЦ се користела исто така традиционалната Камилавка, која исто се користела во сите цркви на овие простори. Практично српскиот стил на капа настанува на почетокот од 20 век, кога СПЦ почнува да ја гради својата црковна власт во Македонија. Така ја воведува и српската камилавка со единствена цел нивните свештеници и владици да се разликуваат од свештениците и владиците на Патријаршијата и на Егзархијата во тоа време.

Српски свештеници во Ниш

Подоцна таа капа се одомаќинува на територијата на Македонија, особено по 1920 година. Интересно е да се знае дека дел македонски владици класичната српска камилавка со црн превез ја носеа до пред десетина години, кога ја заменија со вадење само на црниот превез. Црниот превез последните години ретко се користи и во самата СПЦ, но има и свештеници на СПЦ кои денес ја носат класичната византиска камилавка.

Скуфијата, или секојдневна мека монашка капа од лесна ткаенина, во последните години станува често користена капа кај дел од помладите владици на МПЦ-ОА, но таа капа сепак не е предвидена за богослужба и за официјални настапи во јавност.

Кој стил на камилавка ќе го носат свештениците сепак е слобода на избор, но тенденција за унифицирање на камилавка по српскиот стил е дел од процес на србизација на МПЦ-ОА. Креирањето пак некаков македонски стил на камилавка, би бил несериозен и можеби непродуктивен.

Коментар(2)

  1. Како вас није срамота да измишљате? Не постоји никаква српска камилавка. У свакој радњи у Солуну можете купити камилавке које сте на слици окарактерисали као српске. У свакој таквој камилавки има натпис грчкиг произвођача. Дакле, Грци производе српске камилавке, то је заиста смешно. МПЦ – ОА коначно улази у исправан поредак Цркве и коначно се сви радују томе само Ви Маријане много зла ширите, али на много смешан начин. Покушавате се представити као познавалац прилика у Цркви а показујете елемнтарно незнање, али што је најгоре то незнање је повезано са нечасним и прљавим намерама. Потенцирате причу о руском, српском и/или грчком утицају, није ово политика. Заиста сте сјајан, одличан новинар када је у питању политика. Када је у питању Црква ту можете као оцену добити једва двојку.

  2. Најубава пана и камилавка сум видела кај еден свештеномонах на Коптската Православна Црква во Малта (отец Паула Ел Соријану). Неговата појава воопшто е сама по себе фасцинантна. Помислив дека е некој светогорски монах со неверојатен вкус и со очигледен бесшумен благодатен подвиг, а истражувајќи на интернет сфаќам дека тоа не е вообичаена коптска облека. Треба да се знае врската меѓу видливата форма и духовната енергија што ја одразува за да се креира или одбере вистинската блека. А традицијата сама по себе не е никаква гаранција за целисходност или плодоворност. Трендовите и вкусовите низ вековите сепак се менуваат дури и во свештеничките одежди (еднаш видов одежди стари неколку века, пронајдени во олтарот на еден долго време напуштен грчки манастир, и нивната убавина е далеку пософистицирана од кои било денешни богослужбени одежди, за среќа ги носеше еден руски свештеномонах на богослужбите на кои секако им додаваа дополнително вдахновение). А тоа дека МПЦ-ОА денес демек вообличува некаков канонски поредок во имиџот и во некои други формалности (тие фазони се секогаш за сметка на суштината) е почетничка прелест на самобендисани коментатори кои и’ даваат предимство на својата површност добронамерно критикувајќи ја туѓата. Ако навистина постои таков тренд, за мене е благо кажано комично.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *