Почетна Вести Христијанство Владиката Петар служеше панихида за загинатите бугарски војници во Цапари
Владиката Петар служеше панихида за загинатите бугарски војници во Цапари

Владиката Петар служеше панихида за загинатите бугарски војници во Цапари

1.01K
4

Преспанско-пелагонискиот Митрополит Петар и Старозагорскиот Митрополит Кипријан (БПЦ) отслужиле заедничка панихида за загинатите бугарски војници од Првата Светска Војна во црквата во селото Цапари-Битолско.

На панихидата присуствувале претставници на бугарската држава, бугарскиот амбасадор во Македонија и претставници на бугарските здруженија од Македонија, воени атешеа од неколку дипломатски претставништва во Македонија, но не и претставници на македонската држава.

Ова е прв пат на вака високо црковно ниво да биде одбележан овој настан во сослужение со владици на МПЦ-ОА и на БПЦ. Особено интересно е што на панихидата уествуваше личнио Владиката Петар, кој низ изнимативе години имало случаи кога ставал под санкции свештеници во неговата епархија за служење панихиди за бугарски војници. Владиката Петар денеска во црквата во Цапари отслужи панихида и држеше говор пред претставниците на здруженијата против кои организираше протести во Битола. Сите, заедено, како ништо да не се случувало изминативе две-три години го одбележаа овој настан.

Бугарскиот владика Кипријан утре ќе сосолужува во Прилеп заедно со владиката Петар. На, владиката Петар, кој важи за голем патриот и чувар на македонскиот национален идентитет, не му пречи тоа што Бугарската црква и даде име Северномакедонска црква на МПЦ-ОА.

Инаку, за време на Првата Светска Војна селото Цапари е на линијата на фронтот и покрај селото се погребани 214 бугарски војници и офицери, загинати во заштита на Црвената Карпа. Во 2004 година овие гробишта се обновени за прв пат, и претставуваат први оовицијални воени гробишта во Македонија.

Коментар(4)

  1. Да, срам и позор, да служи панахида на някакви си Бугари, още и да служи с техен владика. Къде по- добре да се плюят и карат хората.

  2. Фил., не е проблем панихидата за загинатите бугарски војници, проблем е лицемерието на дедото тв магнат. А и чудно е како бугарскит владика Кипријан се согласил да сослужува со еден ваков македонски лицемерен националист владика. Бугарската јавност токму на владиката Кипријан треба да му постави неколку прашања за неговата дружба со дедото тв магнат.

  3. Всушност и мојот покоен дедо Македонец насилно мобилизиран од Бугарите своевремено служел години во бугарската војска (баба ми – претходно пребегана од Зборско на пет години, бидејќи непријателските војски во детството и’ го запалиле селото – во времето на воената служба на дедо ми за бугарски фронтови се борела дома да одгледа шест мали деца). Значи, прашање е колку се навистина бугарски тие гробишта и колку Македонци има меѓу загинатите. Секако, насилно мобилизираните војници од други етнички заедници (во случајов народи) биле топовско месо во првите борбени редови, како што впрочем често е и денес во армиите на поголемите сили. Секако, не е злато се’ што сјае, а и се’ што лета не се јаде. Вистината брзо ќе ја проголта бугарската амбиција и ќе стави крај на македонското снисходење. Вистината не спие. Никогаш.

  4. До Православието е льубов – Киприан е почти неизвестен в България, освен в Стара Загора , а Петър – изобщо. Та едва ли някой нещо ще го пита. Владиците така правят – канят се и си ходят на гости. До истинолюбива Ангелина – погребаните в Цапари са от Бдински полк, северозападна България.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *