Почетна Вести Во Рим се појавија постери против папата Франциск
Во Рим се појавија постери против папата Франциск

Во Рим се појавија постери против папата Франциск

198
0

Постери на кои папата Франциск се обвинува дека ги напаѓа конзервативните католици се појавија викендов низ Рим и веднаш беа покриени од градските власти, пренесува „Ројтерс“.

На постерите, залепени во ноќта помеѓу петокот и саботата од мистериозни активисти, се гледа слика од папата со строг израз на лицето и слоганот: „Каде е твојата милост?“

Papa plakat 2Во текстот на постерите папата се обвинува за неколку интервенции против конзервативците, вклучувајќи го и она што на плакатите е наречено „обезглавувањето на витезите на Малта“. Ова се однесува на древен католички ред витези, кој сега е светска добротворна организација, а чиј поранешен голем мајстор минатата недела му ја предаде својата оставка на папата, по двомесечна многу јавна караница.

Постерите се појавија неколку часа пред Ватикан да го објави името на личниот пратеник на папата кај проблематичниот ред, кој ќе ја врши функцијата сè додека не се одржат избори за нов голем мајстор за неколку месеци.

Постерите се уште помистериозни, зашто делови од текстот се напишани на романеско, дијалект на работничката класа, на кој се зборува само во областа на Рим.

Papa plakat 3Градските власти залепиле бела хартија над нив со пораката „нелегално рекламирање“, зашто биле поставени без одобрување или плаќање данок.
Ватикан нема коментар, пишува „Ројтерс“.

Но, отецот Антонио Спадаро, језуит што му е близок на папата, во твит напиша дека тие се знак дека Франциск направил нешто добро и затоа изнервирал многу луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *