Почетна Вести Владиката Тимотеј испрати нов млад свештеник во Австралија
avstra
avstra 1
avstra 2
avstra 3

Владиката Тимотеј испрати нов млад свештеник во Австралија

1.64K
0

Роберт Илијевски од Охрид е новиот свештеник на Македонската Православна Црква во Австралиско-сиднејската епархија, кој ќе ја има позицијата на парох во црковната општина „Свети вмч. Димитрија Солунски“ во Волонгонг Австралија.

Јерејот Илијевски во австралија замина со благослов на надлежниот администратор на Австралиско – сиднејската епархија, Митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Новиот парохиски свештеник, отецот Роберт со своето семејство на празникот Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) беше најтоплосрдечен примен во храмот „Свети вмч. Димитриј Солунски“, каде потпретседателот на Епархијата г. Љупчо Стефановски, заедно со свештениците и верниот народ му посака добродојде и успешна мисија. Австралиско – сиднејската епархија со доаѓањето на јерејот Роберт Илијевски – се здоби со уште еден свештеник, со што уште една покрај низата досегашни проекти покажа дека се грижи за своите верни чеда. Од име на цела Епархија на отец Роберт му посакуваме успешна мисија на новата нива Господова во Австралија, велат од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ.

Свештеникот Роберт Илијевски, е роден 1987 година во Куманово и е дел од младата генерација свештеници на МПЦ. На 4 декември 2014 година во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” Каменско – Охрид е ракоположен во ѓаконски чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, а четири дена подоцна во манастирот ,,Св.Климент и Св.Пантелејмон” на Плаошник е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *