
Владиката Тимотеј и Архимандритот Партениј, в понеделник во Гари ќе одбележат голем јубилеј
Голем и значаен јубилеј ќе одбележи Дебарско-кичевската митрополија и Бигорскиот манастир в понеделник во селото Гари.
Митрополитот Тимотеј и Игуменот Партениј заедно со монасите од Бигорски ќе отслужат празнична архиерејска Литургија во чест на 150 годишнината од зографисувањето и осветувањето на храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Гари.
Храмот на Пресвета Богородица во селото Гари е изграден во 1860 година и бил зографисуван 6 години до 1866 година, кога и е осветен.
Прекрасниот живопис бил изработен од најпознатиот македонски зограф од 19 век, Дичо Зограф, и неговиот син Авраам Дичов.
Инаку, во селото Гари бил роден великанот на македонското копаничарство, Петре Филиповски – Гарката, кој заедно со својот брат Марко и нивната тајфа, го изработиле иконостасот и на храмот на Божјата Мајка во нивното родно село.
/РЕЛИГИЈА.МК