Почетна Вести Владиката Петар одлучно против хомосексуалните бракови (ВИДЕО)

Владиката Петар одлучно против хомосексуалните бракови (ВИДЕО)

614
0

-Да внимаваме во каков дух ќе ги воспитуваме идните генерации, дали ќе ги учиме на вистинските вредности или на нешто друго, апелираше денеска Владиката Петар од дворот на манастирот Свети Јован Крстител во селото Слепче на отворањето на демирхисарското културно лето. Ако ни се нудат еднополови бракови тогаш бракот не е ништо, рече Владиката Петар.

-Ако требаше да се мажат мажи со мажи и жени со жени, Господ немаше да ги создаде Адам и Ева, изјави Владиката Петар. Тој посочи дека тоа силно ќе се одрази на вредносниот систем на младите.

Владиката Петар истакна дека и на Запад каде што односот кон ваквите прашања е полибирален сепак се наоѓа начин да се постави граница, при што го наведе примерот на Ангела Меркел и нејзиното одбивање да гласа за еднополови бракови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *