Владиката Петар денеска полни 80 години – најстариот архијерех на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Митрополитот Петар денеска полни 80 години од животот. Роден во селото Богомила, на 29 мај 1946 година.

Основното образование го завршил во родното место, а потоа се запишал на Богословија во 1966 година во Призрен.

Во 1970 година дипломира на Богословскиот факултет во Белград.

Од 1 септември 1970 г. поставен е за професор во Македонската Православна Богословија во Драчево, Скопје. По професорската дејност во Богословијата, од јануари 1972 г. до септември 1976 г., е првиот секретар на Полошко-кумановската епархија, истовремено вршејќи ја и сметководствената, благајничката и референтската функција.

Во 1972 година, на 6 февруари, примил ѓаконски чин, а во 1976 г. произведен е во чин – протоѓакон. Истата година, во месец Август, прима и свештенички чин.

Од септември 1976 г. е парохиски свештеник и благајник во Соборниот Архиепископски храм “Св Димитриј” во Скопје, од каде, во јануари 1978 г., на барање на Ректорот на Богословијата и на Блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј, повторно е поставен за професор во Богословијата.

По смртта на сопругата, на 19 јуни 1979 г. е замонашен од Архиепископот Доситеј во придворскиот резиденцијален манастир “Св. Ѓорѓи” во Криви Дол – Скопје.

На 04.04. 1981 година, по предлог на Архиепископот Доситеј, избран е за втор Митрополит на Преспанско-битолската епархија. На прв ден Духовден (14.06.1981 г.), во Соборниот храм  “Св. Димитриј” во Скопје, хиротонисан, а наредниот ден, на 15.06  востоличен е во Соборниот храм на Преспанско-битолската епархија “Св. Вмч. Димитриј” во Битола.

Од септември 1981 г. е поставен да администрира со црковните општини во Шведска. Во 1982 година ги довршува  последипломски студии во Рим и ја одбранува магистерската теза на тема “Теологијата на Св. Климент Охридски во неговите напишани дела”.

Во 1995 е поставен за Администратор на Австралиско-новозеландската епахија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img