
Владиката Јосиф на средби со владици на Киевската Патријаршија
Македонска црковна делегација предводена од Кумановско-осоговскит митрополит г. Јосиф била во посета на Украинската православна црква – Киевска Патријаршија, која исто така е една од непризнаените цркви во православниот свет.
Митрополитот Јосиф имал средба со Секретарот на Синодот на Украинската православна црква – Киевски патријархат Архиепископот Чернигивски и Нижински г. Евстратиј, но и со Патријаршискиот намесник, митрополитот Перејаславски и Белоцерковски г. Епифаниј – ректор на Киевската православна богословска академија.
-На средбата се разговараше за моменталната состојба и последните случувања во животот на двете цркви. Особено внимание беше посветено на богословското образование и едукацијата на идните свештеници, стои во соопштението на Кумановско-осоговската епаархија.
Владиката Јосиф го посетил и манастирот на свети Архангел Михаил во Киев. На средбата двете делегации размениле и подароци. Митрополитот Јосиф на Академијата ѝ подарил икона на свети Климент Охридски, кој е патрон на Македонската православна црква, а митрополитот Епифаниј на гостите им подари дел од изданијата на Академијата.