
Владиците Пимен и Јосиф ја исмеаја небулозната такса на братот Агатангел
3.79K
3
Европскиот митрополит г Пимен и Тетовско-гостиварскиот г. Јосиф ја исмеаја небулозната одлука на Повардарската епархија и владиката Агатангел да воведе нова такса за сликање пред и во црквите за време на венчавки и крштевки.
Двајцата владици на МПЦ се сликале пред една од црквите на МПЦ-ОА во Малме – Шведска со порака „пред воведувањето на сликарината. Дур е бесплатно“.
Сосема јасна е пораката што владиците Пимен и Јосиф му ја испратија на својот брат Владиката Агатангел, особено што денеска оваа информација предизвика остри негодувања во јавноста.
Како внука, чукун чукун внука на првиот поп во Тетово – поп Андреја ќе ви се обратам. Ваквиот јавен настап не Ви е доличен затоа што сте духовни водачи на народ. Вашите внатрешни недоразбирања расчистете ги внатре, не дозволувајте народот и Вашите чеда да го гледаат ова. Бидете достојни кон она кон што се определиле…. Да не должам, македонскиот народ доволно е разединет, сплотете го, вратете му го духовниот мир, не го сејте семето на цинизмот…
Gi podrzuvam dvata komentara vo celost.Sram da i e na” vladic”duhovni lica javno da se ismejuvaat na drug vladika, covek koj e revnosen i e so narodot.Da prestanat so nivnite neumesni odnesuvanja vo javnosta.
Присуството на фотографите во храмовите најчесто ги профанизира Светите Тајни до мера којашто требаше добро да ја видат очите на Епископите и да најдат соодветен против-лек на раните што му ги задава и на онака кревкото духовно ткиво на учесниците во венчалните обреди – или полесно е да се биде шоумен отколку строг и доследен свештеник? Ниту Св. Василиј Велики ќе го измислеше иконостасот ниту Св. Јован Златоуст ќе беседеше толку ревносно против сите видови внесување нечистотии во духовниот квас кај храмовите чинодејствија и против неразумното среброљубие ниту ќе имаше потреба толкумина Свети Отци да се трудат да ја укрепат тврдината на Црквата пред разните напади на светот ако беше широк и едноставен патот до благодатта при црквите сред градскиот метеж. Фотографите и камерманите заработуваат на името Божјо, но често Го исмејуваат Бога за време на венчавките. Наместо да се потсмевате со дедо Агатангел, требаше многу посериозно и понелицемерно да се позанимавате со ова прашање, а не да трчате да му угодите на светот со неговите соблазни. Навистина не е духовито. Невкусно и загрижувачки е.