Почетна Коментар Виновник…
Виновник…

Виновник…

1.66K
0

Синодот на МПЦ-ОА продолжува да се занимава со мене и со мојата професионална работа како новинар. Црковниот суд сега е заменет со „софт“ форма – совет како да пишувам. Тоа е очигледно од последното соопштение на Синодот, од работниот состав (тројца владици), во кое се гледа дека владиците за време на синодската седница трошеле време да ги анализираа моите текстови на порталот Религија.мк. Во заклучокот што го донеле пишува: „Светиот Синод на МПЦ – ОА разгледувајќи ги написите од г. Маријан Николовски на порталот Религија.мк, го советува, при објавувањето на црковните теми, да ги проучи соодветно за да не предизвикува погрешни информации во јавноста“.

На Владиците во Синодот некој требало да им посочи дека внесувањето на моето име и презиме како новинар, или на името на кој било новонар, во официјално соопштение на Црквата е само по себе форма на притисок врз новинарството, особено ако таму не е наведен конкретен текст, анализа, вест, ако не е посочено што, како, кога и зошто тоа пишување „предизвикува погрешни информации во јавноста“, а следствено на тоа Синодот да појасни каква е вистинската информација која не би предизвикала „погрешни информации во јавноста“.

Дополнително, „советот да ги проучувам црковните теми при објавувањето“, (како „софт“ форма на притисок), во конкретниот случај јавноста треба да го чита дека јас сум глуп, туп, неписмен и неупотреблив, со што Синодот предизвикува и дело „навреда кон мене како новинар“, нешто за што е надлежен граѓанскиот суд.

Но, ајде да се разбереме веќе еднаш. Јас сум новинар кој, како и секој друг новинар што секојдневно следи и работи новинарство знае и да згрепш, да пропушти, но секогаш моја доблест било да ги признаам и грешките и пропустите и да ги испаравам. Такви случаи имало и ќе има. Нииту една моја грешка не била тенденциозна, или мотивирана од какви били причини.  Но моите грешки не биле стратешки. Моите текстови се континуитет на ставови, сега и од пред пет, десет… години. Дискунтинуитет на ставови има кај одредени владици во последните две години, особено после Божиќ 2023 година. За тоа што јас сега и порано сум го пишувал одредени владици знаеја да се јават и да кажат „човече, да не си ти да напишеш нема да знаеме што се случува, нема кој да напише… човече…“ Денес за истото добивам црковно-судски постапки и „добронамерни совети“. Религија.мк откако постои, беше првата што ги добиваше ударите од тогаш „непријателите“ на црквата, додека најголем дел од владиците уживаа во својот конформизам. Но и покрај тоа јас и религија.мк први го поддржавме концептот „непријателите“ да станат наши пријатели, додека пак дел од владиците се уште, внатре, на нив гледаат како на непријатели.

Но не е важно… Тука некаде да се вратиме на соопштението од Синодот и на парадоксите во него. Во истото соопштение во кое мене Синодот ме прогласува за „лажач на јавноста“ соопштува свои заклучоци за две клучни теми околу кои се поврзани 90 проценти од моите текстови и тоа заклучоци на Синодот кои одат токму во прилог на моите пишувања.

Ако  јас со моите пишувања ја замајувам јавноста, како на пример, дека МПЦ донела тврд/ригиден став за украинската автокефалност, зошто тогаш Синодот формира Комисија за проучување на украинската автокефалност и притоа во таа Комисија ги нема проруските владици, под чиј диктат беше донесена тврдата позација за Православната црква во Украина? Не е ли формирањето Комисија ретерирање од претходниот став на МПЦ-ОА, или пак некој мисли дека тоа е само форма преку која ќе се развлекува со години ова прашање. Но и во таков случај, тоа е формално повлекување на тврдата одлука дека МПЦ-ОА ќе сосолужува со ПЦУ тогаш кога сите ќе сослужуваат.

Во вториот пасус од соопштението Синодот пишува дека истата Комисија „има за цел да го проучи и проблемот со именувањето на нашата Света Црква со елинофонските Цркви…“ Не е ли тоа на иста линија со моите пишувања за опциите под кои е единствено  можно впишување на Црквата во диптихот на Вселенската Патријаршија.

На крајот не се ли овие две точки клучните од процесот на разговори со Вселенската патријашрија, кој е блокиран еднострано од МПЦ-ОА поради незаинтересираност?  Ако ни е доволна српската „автокефалност“, зошто тогаш Синодот ги носи овие две клучни одлуки, како процес на ретерирање и форма на деблокада на разговорите со Вселенската патријаршија.

Јас пишувам две годи токму за ова. И конечно е добро што Синодот ги носи овие одлуки од кои се надеваме дека конечно ќе финишира прцесот за заокружување на автокефалниот статус на МПЦ-ОА со издавање на Томос од Вселенската патријаршија.

Но, Ако на тој пат на владиците им е потребен виновник… еве прифаќам да бидам и виновен за „замајување на јавноста“, само Вие откачете ја црквата од приврзокот на Кирил Московски на кој веќе извесно време се мандаме… за се друго има разбирачка..

Пишува: Марјан Николовски

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *