ВЕЉАНОСКИ: Власите се тесно поврзани низ историјата со македонскиот народ

Date:

Share post:

trajko veljanoski„Co одбележување на овој празник, го афирмираме вековното постоење на влашката заедница која е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ и борбата за независна држава“, пишува во Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во честитката што за денот на Власите во Македонија ја испратил до влашката заедница.

– Вашите традиционални обележја се дел од целокупното културно богатство на нашата држава. Тука мора да се истакне придонесот на припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија, бидејќи нивните дела се опфатени во сите сфери на општествено делување. Наша цел е и понатаму да го унапредуваме заедничкиот соживот со сите етнички заедници и нивната верска определеност, бидејќи тоа ни дава сигурност кон просперитет на нашата татковина, наведува Вељаноски во честитката.

Наша должност како граѓани на Република Македонија, се истакнува во честитката, е да работиме за градење на европска и демократска држава во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img