
Голем број верници дојдоа на литијата што Крушевско-демирхисарската митрополија на МПЦ-ОА ја организираше и годинава со моштите на Свети Климент Охридски, патронот на МПЦ-ОА.
На литијата низ улиците на Крушево и претходеше литургија во храмот Св. Никола.
Литургијата и овој пат ја служеше Епископот Делчевско-каменички Марко, а молитвено учествуваше Митрополитот Јован.
Епископот Марко во беседата на Илинден објави дека надлежниот Митрополит Јован нема да служи литургии се до неговата интронизација закажана за септември.
-Ви благодарам Ваше високопреосвештенство што не поканивте да служиме на оваа литургија, секако за нас поголема чест ќе беше Вие да служите, а ние да ви сослужуваме, но заради принципот Ваш да не служите до Вашата интронизација која што ќе се слуќи наскоро на трети септември, ние правиме метанија на таа Ваша саможртва што ни овозможивте ние да му ги принесеме даровите на Бога, изјави Епископот Марко.