Почетна Вести Христијанство Величенствен пречек на бугарските владици во Бигорски – Николај Пловдиски стоеше на владичкиот трон
b-25
b-23
b-44
b-40
b-38
b-37
b-36
b-29
b-20
b-19
b-16
b-13
b-12
b-11
b-6
b-4
b-3

Величенствен пречек на бугарските владици во Бигорски – Николај Пловдиски стоеше на владичкиот трон

1.49K
0

Двајцата бугарски владици, Пловдискиот митрополит Николај и Старозагорскиот митрополит Кипријан денеска во Бигорски беа пречекани на највисоко ниво.

Монашката обител на Бигорски им укажа највисока почит на архиереите на БПЦ, а Митрополитот Николај за време на пеење на тропарите стоеше на владичкиот трон во црквата во Бирорски.

Митрополитот на БПЦ Николај учествуваше молитвено и во молититвословието и пеењето на тропарите, што иако не е официјално сослужување, сепак е еден голем чекор напред во односите меѓу МПЦ и БПЦ.

Монасите на Бигорски за време на молитвата ги спомнуваа и двајцата владици на БПЦ.

Целиот настан преку својот Фејсбук профил со видео го пренесуваше бугарскиот претседател Румен Радев, кој воедно е и првиот претседател на странска држава кој го посетил Бигорски.

Гостите ги пречка и надлежниот Дебарско-кичевски Митрополит, г Тимотеј.


НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *