Почетна Вести ВЕЧЕР: Црквата во Реонски центар продолжува да се гради!
ВЕЧЕР: Црквата во Реонски центар продолжува да се гради!

ВЕЧЕР: Црквата во Реонски центар продолжува да се гради!

401
0

Црквата “Света Софија” во Реонски центар, кај поштата во населбата Ново Лисиче, по неколку годишна пауза продолжува со изградбата, но овој пат под ктиторство на Скопската епархија, пишува дневниот весник „Вечер“

Vatican Sex SlavesПромената настанала откако ланецот “СП маркет” се откажал од понатамошни активности и докомплетирањето на црквата и го предал на МПЦ.

Ова, за “Вечер” го потврдиле од Скопската епархија, од каде велат дека доградбата на започнатиот верски објект ќе продолжи есенва. Оттаму ги отфрлаат информациите дека црквата ќе се урива поради тоа што било констатирано дека се гради спротивно на црковните канони, односно не се водело сметка за поставувањето на правецот исток-­запад, кој според архитектите, навистина, отстапувало за неколку степени. ­

-Информацијата не е точна. Ктиторот кој ја градеше ја предаде на Скопската епархија, која пак, по одморите ќе продолжи да ја гради до каде што застанал ктиторот, информирале за Вечер,  одговорните од кабинетот на поглаварот на МПЦ­-ОА.

Оттаму велат дека засега немало размислувања за никакви промени во проектната документација.

Vatican Sex Slaves-Ќе се продолжи онаму каде што се застанало пред две години”, одговараат. Црквата

“Света Софија” почна да се гради во 2013 година како голем православен верски храм во кој ќе можат да се служат верски обреди, да се одбележуваат празници. Во моментов, карабината на објектот е изградена, а над куполата, која личи на камбанарија, е поставен крст. Но, градилиштето е напуштено, оградено со зелена мрежа, која на места е искината или падната, а целиот двор е обраснат со трева и грмушки.

Жителите на околните згради велат дека во доцните ноќни часови во објектот се собираат сомнителни групи. ­ Наместо да биде украс на населбата, недоизградениот објект ја нагрдува околината. И не само тоа, претставува собиралиште на улични кучиња и други животни, а во ноќните часови станува дувло и прибежиште на сомнителни лица, вели жителка од соседната зграда.

Vatican Sex SlavesВеста дека црквата наскоро ќе продолжи да се гради ја прими со радост, но и со надеж дека тоа навистина и ќе се случи. Од МПЦ велат дека освен црквата, хортикултурно ќе го уредат и дворот кој ќе биде уште едно место за одмор и рекреација на лисичани. Осветување на темелите на црквата “Света Софија”, во јули 2012 година го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

/ВЕЧЕР / фото: ВЕЧЕР

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *