Почетна Вести Христијанство Ваташа добива нова црква и капела
Ваташа добива нова црква и капела

Ваташа добива нова црква и капела

208
0

Се гради нова црква на иницијатива на месната заедница во селото Ваташа: Црквата е веднаш до селските гробишта, а истовремено таа ќе се користи и како капела.

Во градењето на објектот со финансиски средства помогна и кавадаречката локална самоуправа, а донирале и бројни донатори од земјава и странство.

-Многу е значајна изградбата на овој објект за нас ваташани. Во него досега се инвестирани околу 40 илјади евра. Го посветуваме на Архангел Михаил, вели претседателот на месната заедница, Зоран Пењушков.

Во наредниот период во овој верски комплекс, ќе се изградат и трпезарија и летниковец.
Ваташа како село со околу 3.500 жители, има една црква во централното селско подрачје, а во близина е и Моклишкиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *