Почетна Вести ВАРТОЛОМЕЈ: Соборот е подготвен, почнува на 16 јуни
ВАРТОЛОМЕЈ: Соборот е подготвен, почнува на 16 јуни

ВАРТОЛОМЕЈ: Соборот е подготвен, почнува на 16 јуни

461
0

KRIT AKADEMIJA SOBOR 2Вселенската патријаршија целосно е подготвена и на 16 јуни, в четврток ќе ја почне работата на Сеправославниот собор на Крит. Патријархот Вартоломеј, по вчерашната неделана литургија изјавил дека сите подготовки за Соборот се завршени, изразувајќи надеж дека Соборот ќе биде успешно спроведен, јави РИА Новости.

Вселенска патријаршија има намера да го одржи Соборот на островот Крит од 16 до 26 јуни и покрај забелешките кои беа упатени од речиси половина Помесни цркви и нивната желба Соборот да биде одложен. Вартоломеј потенцирал дека собирањето на Крит не може да да биде толкувано како пресоборски состанок,  бидејќи за одржување на соборот веќе е донесена едногласна одлука.

За потсетување, прва која откажа учество на Соборот беше Бугарската православна црква. По нејзе таква одлука донесе и Антиохиската патријаршија, па Српската православна црква, и Грузиската Патријаршија.

Денеска синодот на Руската Православна црква одржува вонредно заседание, од кое се очекува конечна одлука дали ќе учествува на Соборот закажан на Крит.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *