Вартоломеј: Руското црковно раководство зборува за „света војна“ во Украина

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј остро ја критикуваше Русија поради војната во Украина, обвинувајќи ја руската државна и црковна власт дека конфликтот го претставуваат како „света војна“ и дека со тоа се нарушува христијанската порака за мир.

Говорејќи на Божествената Литургија во храмот „Света Параскева“ во Хаскеј (Пикридиони), по повод празникот на светителката, патријархот Вартоломеј рече дека христијаните и денес се соочуваат со прогонства и дека „вистината е нападната“.

„Следбениците на Воскреснатиот Господ повторно се прогонувани, особено на Блискиот Исток, лулката на христијанството, кој и денес продолжува да раѓа нови маченици на верата“, изјави Вселенскиот патријарх.

Но најголем дел од неговата беседа беше посветен на современите војни и особено на руската инвазија врз Украина. Вартоломеј оцени дека е трагично што „православната Руска Федерација се сврте против својот православен сосед“.

Тој упати критики кон раководството на Руската православна црква, обвинувајќи го дека војната ја опишува како „света“, дека благословува оружје и дека на војниците кои се борат против Украинците им ветува вечен живот.

„Војната понекогаш се води дури и во името на Христос, Кнезот на мирот“, порача патријархот Вартоломеј.

Осврнувајќи се на врските меѓу Константинопол и Романија, патријархот потсети на духовните врски преку Свети Андреј Првоповикан и на почитувањето на Света Параскева Епиватска. Тој му оддаде почит и на романскиот владетел Свети Константин Бранковеану, кој бил убиен како маченик во Константинопол заедно со своите четири синови поради одбивањето да ја напушти православната вера.

На литургијата присуствуваа претставници на Романската православна црква, архонти на Вселенската патријаршија и бројни верници. Беседата ја одржа епископот Епифаниј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img