Вселенскиот патријарх Вартоломеј пристигна во Будимпешта, каде што започна неговата посета на Унгарија.
На меѓународниот аеродром во Будимпешта тој беше пречекан од митрополитот Арсениј Австриски, егзарх на Унгарија, заедно со помошните епископи Пајсиј Апамиски и Максим Аристиски.
Во име на унгарската влада, патријархот Вартоломеј го пречека вицепремиерката и министерка за надворешни работи Анита Орбан. На пречекот присуствуваа и амбасадорите на Грција и Кипар, Спиридон Вулгарис и Омирос Мавроматис.
По пристигнувањето, Вселенскиот патријарх се упати кон православниот центар за дијалог „Фанарион“ на Вселенската патријаршија, кој се наоѓа во центарот на Будимпешта.
Таму се поклони во храмот посветен на Светите Три Ерарси, а потоа ги разгледа просториите на православниот центар.
Свеченото отворање на храмот и православниот центар „Фанарион“ е предвидено за денеска, кога со богослужбата ќе началствува патријархот Вартоломеј.
Во делегацијата што го придружува Вселенскиот патријарх се митрополитот Емануил Халкидонски, митрополитот Серапион Парамитијски, Филијатски и Ѓиромерски, големиот еклисијарх Аетиј, директор на Приватната патријаршиска канцеларија, архимандритот Натанаил, игумен на манастирот Ивирон на Света Гора, ѓаконот Епифаниј, како и Николаос-Георгиос Папахристу, директор на Канцеларијата за печат и комуникации на Вселенската патријаршија, и Темистоклис Караниколас, член на патријаршискиот персонал.


Ха-ха-ха! Големите гонители на руските подворја ширум Православието (прогласувајќи ги за шпиунски гнезда и дејци на руското влијание) ги тресат колената пред Фанарските подворја како пред велики проносители на славата на Светите Тројца Ерарси, каде ли? Во Унгарија! А токму се прашував која била крупната грешка во чекори на толку непосрамливиот Виктор Орбан.
Ќе седиш на две столици велејќи дека само третата е твоја, ама една од тие двете (не знаеш!) е електрична.
Само, и електричните столици прегоруваат. Некои после полн век на употреба, а некои – веднаш! Ниедна гаранција потоа не може да ја надомести штетата на инвеститорот. Ќе јрчи, ќе мрчи, ќе менуваат делови, ќе плаќаат скапи сервиси, а работата никако да тргне како што треба. Многубројни осуденици на истиот “врховен” суд – по чудо спасение.
Му се случува и на Првиот меѓу “еднаквите”. И не толку ретко.