Почетна Вести Христијанство Вартоломеј потврди дека Вселенската Патријаршија како Мајка Црква го исполнува апостолското задолжение за Украина и Македонија
Вартоломеј потврди дека Вселенската Патријаршија како Мајка Црква го исполнува апостолското задолжение за Украина и Македонија

Вартоломеј потврди дека Вселенската Патријаршија како Мајка Црква го исполнува апостолското задолжение за Украина и Македонија

315
0

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј уште еднаш потврди дека се вклучува во активно барање решение за признавање на автокефалноста на Македонската и на Украинската православна црква.

На денот на неговиот именден, во понеделникот, на 11 јуни 2018 година, кога Православната црква го слави  на споменот  на Светите Апостоли Вартоломеј и Варнава, Неговата Сесветост, Архиепископот Константинополски, на Новиот Рим и Патријарх Вселенски г. г. Вартоломеј, посочил дека не може да биде изговор тоа што некој е окатегоризиран како шизматик за да бидат милиони верници оставени надвор од православното единство.

Во соопштението од Вартоломеј, кое било прочитано на прославата на неговиот именден во патријаршискиот храм „Св. Вмч. Георгиј Победоносец“ во Фенер, јасно стои дека Вселенската Патријаршија како Мајка Црква има обврска да се заложи за црковните прашања во Украина и во Македонија.

-Кога некој наш брат е окарактеризиран како шизматик или еретик, а уште повеќе кога цел народ со милиони луѓе, се наоѓа надвор од канонската Црква под изговор на шизмата, тогаш ние сме повикани итно и без никакво одолжување да покажеме духовна бодрост и апостолска будност, зашто кога страда еден дел, тогаш страдаат сите делови; и кога се слави еден од деловите, тогаш со него се радуваат сите делови (1. Кор. 12,26). Постоењето на раскол не е аргумент со леснотија да се остави еден цел народ надвор од црковната вистина и каноничност, премолчувајќи ја својата одговорност пред Бога и историјата, туку тоа дава уште посилна побуда да бидат најдени спасителни и обединувачки решенија. Следствено, Мајката-Црква го исполнува своето апостолско задолжение, кога бара начини за спасение на нашите браќа во Украина и Скопје. Наше задолжение и одговорност е да ги приведеме сите народи во вистина и каноничноста на Црквата. Зашто, она што го има нашата Вселенска Патријаршија – тоа се раздава за радост на целиот свет и се принесува на сите народи без исклучок, стои во соопштението од Вселенската Патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *