Почетна Вести Вартоломеј не дојде на роденденот на Рускиот патријарх
Вартоломеј не дојде на роденденот на Рускиот патријарх

Вартоломеј не дојде на роденденот на Рускиот патријарх

304
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј не дојде на јубилејниот 70-ти роденден на Рускиот Патријарх Кирил во Москва. На големата свечена литургија на 20 ноември не учествуваа и поглаварите на Романската Патријаршија, Данаил, на Бугарската Неофит и на Грчката Јероним.

Сепак, сите овие помесни православни цркви испратија свои делегации. Од Цариградската патријаршија во Москва допатувал Митрополитот на Франција, Емануил, од Романската црква Митрополитот Нифон, од Бугарската патријаршија, Митрополитот на западна и средна Европа Антоније, а од Грчката архиепископија Митрополитот Игнатиј.

Останатите поглавари допатуваа во Москва и учествуваа во литургијата. За одбележување е дека во делегацијата на СПЦ, немало ниту еден од претставниците на јовановата ПОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *