Почетна Вести ВАРТОЛОМЕЈ: Единството на Црквата не е обединување околу еден човек
ВАРТОЛОМЕЈ: Единството на Црквата не е обединување околу еден човек

ВАРТОЛОМЕЈ: Единството на Црквата не е обединување околу еден човек

308
0

„Нашата Црква е должна да му покаже на светот сведоштво за љубов и единство и да ја открие единствената вистина на љубовта на нашиот Христос. Единството на нашата Црква не е федеративна форма, ниту, пак, се должи на обединувањето околу еден човек. Извира од нашата заедничка вера, од православниот живот, од Царот над царевите и Господар над господарите“. Ова го изјавил Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на празникот педесетница, во Крит каде отслужил заедничка литургија за „роденденот“ на Црквата со десетте поглавари кои учествуваат на Големиот и Свет Собор.

Orthros and Divine Liturgy of Pentecost at St. Menas Cathedral in Heraklion, CreteВартоломеј потенцирал дека на Православието му треба единство, особено во состојбата во која се одржува овој историски Собор.

-Оставајќи ги настрана проблемите што произлегуваат од нашиот различен етнички происход, се молиме за слегувањето на Пресветиот Дух, за да дадеме вистинско сведоштво на денешниот свет кој жеднее. Светиот Дух нѐ обединува преку врските на совршенството, потенцирал Вселенскиот патријарх.

Orthros and Divine Liturgy of Pentecost at St. Menas Cathedral in Heraklion, Crete-Денес е ден на единството. Божествената Евхаристија Обединува. Првата Црква биле оние 3 илјади Христијани коишто биле крстени. Денес ние сѐ уште сме една Црква иако доаѓаме од различни национални и културни патишта. Денес се исполнува и се излева љубовта во Светиот Дух во нашата разноликост, секој со својот различен талант, ние сме обединети. Секоја Православна Црква има свое богатство и него Му го принесува на дар на Христа. Во Православието нема ниту една Црква што нема свое значење и од која Едната Света и Апостолска Црква нема потреба“, посочил Патријархот по заедничката лиитургија.

„Ние сме мистичното Тело на Христа и ја воспеваме Црквата на Небесата, како што се пее во кондакот на Вознесение. Тоа е мисијата на Црквата. Коленопреклоната молитва на нашиот Господ во Гетсиманската градина останува заедничка молитва за сите луѓе во овој разделен свет.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *