Почетна Вера В недела во Струмица доаѓа чудотворна икона од Света Гора
В недела во Струмица доаѓа чудотворна икона од Света Гора

В недела во Струмица доаѓа чудотворна икона од Света Гора

2.03K
0

Недела 12 март ќе биде голем ден за православните верници во Струмица. Во неделата на Св. Григориј Палама, ќе пристигне  копијата на чудотворна икона на Пресвета Богородица „Брзопослушница“ од светогорскиот манастир Дохијар.

Струмичката епархија за овој настан ќе организира големо црковно-народно чествување со Света архиерејска Литургија во храмот „Св. Григориј Палама“, во 08:45 часот, со која ќе началствуваат, надлежниот архиереј, Митрополитот Струмички г. Наум и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

ikona strВо 13:00 часот Иконата ќе биде пречекана на плоштадот „Гоце Делчев“ во центарот на градот, а потоа со свечена литија ќе биде пренесена во Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, каде што и ќе остане засекогаш.

Молитвено учество во свеченото торжество ќе земе и Свештената Бигорска Обител, со Архимандрит Партениј. Поради таа причина манастирската слава во Рајчица во чест на Св. Григориј Палама, оваа година ќе биде поскромна – со празнична вечерна богослужба во саботата попладне и Света Литургија во неделата.

/ПРЕМИНПОРТАЛ

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *