Почетна Вести Христијанство Утре молитва за татковината во Бигорски манастир
Утре молитва за татковината во Бигорски манастир

Утре молитва за татковината во Бигорски манастир

53
0

Свештената бигорска обител со  традиционално одбележување по повод втори август, Денот кога се слави споменот на светиот и славен пророк Илија, како и 119- годишнината од херојското Илинденско востание, информираа од манастирот.

– Централното трожествено празнување ќе се одбележи со Света архијерејска Литургија во прекрасниот преродбенски храм на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец во село Лазарополе, која ќе почне во 9 часот. Со Литургијата ќе чиноначалствува нашиот старец и игумен,  неговото преосвештенство епископ Партениј Антаниски, додаваат од Бигорски.

Утре ќе се одржи и Доксологија- молитва за татковината што ја востанови токму владиката Партениј.

– Свечениот чин на Доксологија- молитва за татковината и за покој на паднатите за слобода ќе се одржи во соборниот храм на Свештената Бигорска Обител и започнува во 14 часот. Честит Илинден и од Бога благослов. На многаја лета возљубена наша Татковино, посакаа од Бигорски манастир.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *