Почетна Вести Христијанство Утре историска седница на Синодот – МПЦ-ОА И ПОА се обединуваат
Утре историска седница на Синодот – МПЦ-ОА И ПОА се обединуваат

Утре историска седница на Синодот – МПЦ-ОА И ПОА се обединуваат

4.46K
9

Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА,дознава религија.мк.

Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот  во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА.

Нашите информации велат дека е постигнат начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА во МПЦ-ОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на ПОА и нејзиа итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква.

Религија.мк, според добро упатени извори дознава дека сите четворица владици на ПОА ќе добијат епархии, кои ќе бидат создадени со прераспределба на постоечките што ги има МПЦ-ОА.

Јован, кој сега има титула Архиепоископ Охридски и митрополит Скопски ќе ги добие на управување Демир Хисар и Крушево, заедно со Нижеполе, каде веројатно ќе биде седиштето на новата Епархија. Во првичниот договор во опција е и Ресен, но овој град засерга е спорен поради противењето на Владиката Петар. Практично овие две општини, кои сеега дел од Преспанско-пелагоиниската епархија, а ќе бидат нова епархија. Ако во нејзе влезе и Ресен Јован би имал титула Почесен Архиепископ Охридски и Митрополит Преспански. Доколку Ресен остане под управа на Владиката Петар, Јован би имал друга титула, но таа секако ќе ја содржи почесната титула на Архиепископ.

Јаоким, кој во ПОА има титула Полошко-кумановски ќе добие на управување нова епаехија од Кумановско-осоговската со која сега управува владиката Григориј. Според сценариот Јоаким би управувал со делот на Илинден, Делјадровце и до границиата со Србија. Во овој состав би требало да биде и Старо Нагоричане, но нејасно е дали на тоа ќе се согласи актуелниот владика. Каква титула ќе носи Јааким засега не е прецизирано.

Сосема јасно е кои делови од Македонија како нов владика ќе ги управува Марко, кој сега има титула Брегалнички. Тој во МПЦ-ОА, ќе биде владика на Делчево и Каменица, со кој титула се уште не е договорено.

Единствен за кој имаше најголем отпор во МПЦ-ОА, беше епископот Стобиски Давид. Но според информациите на  религија.мк, него може да му биде понудено нова епархија во Скопско, во околината на Сопиште. Другата опција е биде викар на Јован.

Кое ќе биде конечното решение, сепак ќе одлучат утре владиците на МПЦ-ОА на заседание на Синодот во полн состав.

Коментар(9)

  1. Од готово – вересија!!! Ова со ПОА по се изгледа е самозаклучување на катанецот од златниот кафез со натпис „Српско-руски свет“. Што ќе е следно? Руско предворје со агенција Вагнер како обезбедување?!?

    1. Зар није супротно? Организација која је под јурисдикцијом се утапа у МПЦ.

  2. До овој љубовниот од православието – свесен ли си дека коментарот ти е преполн со негативни нељубовни тези, без никакви аргументи и реално произнесување факти против српско-рускиот свет. Како може еден православен љубово практикант да мрази каков било свет?! Црквата е Христова, а не етнофилетистичка збирштина на идеолошки матрици и политички сплетки. Кога зборуваш против која било Црква, грешиш директно против Светиот Дух и плукаш на крвната жртва на сите маченици и подвижници од истата. Златниот кафез да не е на друго место!? А?

  3. “Руски свет” не значи дека русите сакаат да го наметнат на сите својот цивилизациски код и вредности, туку тој се однесува на нивното општество кое е под силно влијание на западната фашизоидна неолиберална секта, тоа е само нивна борба за себе и против американизација и западните идеологии во Русија. Не е убаво да се манипулира или да не се разбере до крај една идеја, па да се сервира злобна пропагандна невистина. Русија со идејата за “руски свет” ја освестува себеста за она што таа е, нејзината одделна цивилизациска народна свет, култура, наука, морални вредности, вера, уметност… Никој на Истокот не сака никому да наметне своја идеологија, туку се почитува сечија подеднакво. Додека Запад наметливо напаѓа и сака да го освои внатрешниот човек на народот.

  4. Руски свет” не значи дека русите сакаат да го наметнат на сите својот цивилизациски код и вредности, туку тој се однесува на нивното општество кое е под силно влијание на западната фашизоидна неолиберална секта, тоа е само нивна борба за себе и против американизација и западните идеологии во Русија. Не е убаво да се манипулира или да не се разбере до крај една идеја, па да се сервира злобна пропагандна невистина. Русија со идејата за “руски свет” ја освестува себеста за она што таа е, нејзината одделна цивилизациска народна свет, култура, наука, морални вредности, вера, уметност…

  5. Види вака,
    ако вашиот патријарх вели дека сите (навистина жални) руски загинати војници во Украина по автоматизам ќе одат во рајот тогаш признавам дека мразам таков руско – српски свет.
    Ако вашиот патријарх го полива со света вода, го помазува и го благословува човекот кој се замислува дека е новиот руски император и незнае ништо друго освен да вика „пали“ е тогаш повторно признавам дека го мразам тој ваш руско – српски свет.
    Ако вашиот патријарх на ден Божик и Велигден се плаши да повика да престане бомбардирањето на Харков тогаш јас навистина го мразам вашиот руско – српски свет.
    Ако вашиот патријарх ги благословува единиците на Вагнер и останатите агресорски војски тогаш малку е да се каже дека јас го мразам вашиот руско – српски свет.

  6. Прочитај житија за воините на светата Црква, прочитај за дијалогот на светиот Кирил Философ до сарацените, прочитај за светиот Александар Невски и неговото битки… И многу друго што се случувало во историјата на Црквата. Да зборуваш за љубов, за длабочината на љубовта – треба или лично да ја познаеш или повеќе да се вдлабочиш во опитот на оние што ја стекнале. Овој твој романтизам и патетизам е јасна страсна и површна манифестација на пропагандни “материјали”. Не се самозалажувај дека знаеш што е љубов, а уште помалку дека ја имаш. Љубовта е севкупност на усовршувањето… Далеку си.

  7. Аха… Сигурно… Далеку сум од љубовта и православието… Благословени се единствено попрсканите со света руска водичка проектили.

    Кирил Филозоф и Александар Невски во ист кош со “Св. Пригожин”, “Св. Шојгу”, “Св. Воислав Шешељ”, Св. великомаченик Ратко Младиќ” и се разбира “Свети великомаченик Владимир Владимирович”… Е тоа е тој руско- српски свет на вистински православни вредности.

  8. До псевфоправославниот лицемер што го злоупотребува зборот Љубов во својата антируска пропагандна манипулација! Жал ми е за тебе, зашто ниту знаеш што правиш, нити знаеш на каде “возиш”, ама знам дека Еден Ден ќе ти биде многу жал за сите овие зборови. Светата руска водичка да ми те благослови и Пресветиот Дух Божји да ми те вразуми. Апсолутизацијата на моралниот интегритет на истанбулскиот папа ми те заслепува и дои со омраза, ама се надевам дека ќе ти помине, зашто кога тогаш ќе прогледаш. Дај Боже во овој живот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *