Митрополитот Петар во Топ Тема: Никого да не го интересира кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“

Date:

Share post:

Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирмаат „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1-ви мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.

„Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат а се под заштита како споменици на културата? Треба ли да ги заштитиме?“ – рече Петар.

Во однос на тоа кој ќе ја финансира неговата телевизија, Митрополитот Петар одговори остро:„Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира, кој вас ве финансира.“

Чисти пари се, не се перени, ниту ќе дозволиме такво нешто, тврди Петар, порачувајќи повторно дека никого не треба да го интересира дали „Преобразба“ има доволно пари да ја финансира телевизијата.

„Луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат. Оставете го гајлето на нас“ – одговори Петар на прашањата кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“.

Тој демантираше дека телевизијата ја прави со Љупчо Палевски.

Петар демантираше дека неговата телевизија ќе се определува и ќе одработува за некого политички.

„Вистинска Телевизија ќе го афирмира нашето културно и македонското богатство што го поседуваме. Кога велам македонско, не мислам само на МПЦ, туку општо македонско наследство. Пристап ќе имаат на нашата телевизија од сите народи во Македонија што се. Ќе има и политичка програма. Во смисла луѓе од политиката што ќе сакаат да гостуваат.“ – вели Петар.

Во однос на шпекулациите дека преку неговата телевизија ќе се шири про-руска пропаганда, митрополитот Петар, негираше дека тој зазема страна во конфликтот и осудува се што не е добро од која и да било страна.

Сепак, Петар одби да ја осуди руската инвазија на Украина:

„Јас не знам за никаква руска агресија. Знам дека тоа е војна меѓу големите сили. Зошто и како, тоа си знаат тие.“

6 COMMENTS

  1. Сосема вообичаен одговор на митрополит од „српско – рускиот свет“. Допрва ќе се изнагледаме вакви и слични изјави.
    Иако сосема не ми е јасно дали изјавата е од митрополитот Петар или од бизнисменот и меудиумски магнат во зародиш, Јован Каревски. Ако е од бизнисменот тогаш можеби е ок изјавата. Ако, пак, е од митрополитот пелагониско – преспански тогаш станува јасно зошто црквите и манастирите му се празнат.

  2. За бизнисменство во Црквата малку е владиката Петар репрезентативен пример. Корумпирани ставови и пропаганда има, за жал, меѓу манастирите и монасите, кои по својата суштина на определбата треба да бидат над сето тоа. Ама сите се зависник од бизнис план. Господ нс Судот Божји ќе нѐ оддели на… До тогаш плукајте по Руската Црква и Светиот Дух.

  3. Подобро душо руски свет, отколку либералната фашизоидна тоталитаристичка идеологија, со сите сатанистички гендерства и извитоперени вредности. Само на ѓаволот му пречи Русија.

  4. Види вака,
    „либерална фашизоидна тоталитаристичка“ (идеологија) стилска фигура позната како оксиморон.
    Од друга страна, пак, „сатанистички гендерства“ и „само на ѓаволот му пречи Русија“ е за сосема поинакво иследување.

  5. ОксиМОРОН не е, туку реална идеолошка матрица со примеси на лажна и привидна утопистичка концептуалност.

  6. Моронски е да мислиш дека од комунизмот наваму руската матрица не е фашизоидна и тоталитаристичка. Нешто очигледно за тој што е објективен. Уште поморински е да мислеш дека “придобивките” на либерализмот не се уживаат во секоја приватна пора на општеството. За Западот знаеме и тој не се крие. Лошо е, но полошо е кога некој се претставува како друго…

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img