Почетна Вести Христијанство Јован за Плусифо: Се молиме за решение прифатливо за сите, не знам што е одлучено
Јован за Плусифо: Се молиме за решение прифатливо за сите, не знам што е одлучено

Јован за Плусифо: Се молиме за решение прифатливо за сите, не знам што е одлучено

1.84K
0

Навистина не знам за што точно било разговарано и што точно било договорено на денешната седница на Синодот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) во однос на интеграцијата на Православната охридска архиепископија (ПОА), па нам не ни останува ништо друго освен да го почекаме мајскиот Собор на Српската православна црква (СПЦ) и таму да ја чуеме конечната одлука, изјавил за Плусинфо“, поглаварот на ПОА, г.г. Јован. Тој признла дека бил затечен од одлуката на МПЦ-ОА на синодска седница денеска да расправа за интеграцијата на ПОА и за распределбата на епархии за владиците од ПОА, пренесува порталот.

– Јас не знам ништо подетално од тоа што го разбрав од вас новинарите. Немаме директна комуникација со МПЦ-ОА и воопшто не знаевме дека Синодот на МПЦ-ОА ќе заседава за ова прашање. Не дознавме ништо по официјален пат. Седницата се одржа, но јас навистина не знам што се разговарало и какви одлуки се донесени. Разбрав дека конечната одлука ќе ја чуеме на Соборот на СПЦ и се надеваме дека крајното решение, со божја помош, ќе биде прифатливо за сите нас. Да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите, изјавил архиепископот Јован за Плусинфо.

Претходно и портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Тимотеј, рече дека целосната интеграција очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој, како што кажа, треба да почне на 14 или на 15 мај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *