Почетна Вести Христијанство Уште еден свештеник замина во Австралија
Уште еден свештеник замина во Австралија

Уште еден свештеник замина во Австралија

612
0

Презвитерот Игор Младеновски, е новиот свештеник на австралиско-сиднејската епархија, кој со благослов на Владиката г. Тимотеј отпатува за Австралија каде ќе работи како парох при Македонската православна црковна општина „Свети Никола“ во Кабрамата.

Отец Игор е од Куманово, а со своето семејство во Австралија пристигнал на 25 декември 2017.

Со неговото доаѓањето ќе продолжи активно литургиско-богослужбениот и духовно просветниот живот во црковната општина, кој претходно беше активно воден од протојереј-ставрофор Ѓорѓија Лапоски. Австралиско – сиднејската епархија со доаѓањето на презвитерот Игор Младеновски – се здоби со уште еден свештеник, со што уште еднаш покрај низата досегашни проекти покажа дека се грижи за своите верни чеда. Од име на цела Епархија на отец Игор му посакуваме топло добредојде во Сиднеј и лесно и среќно прилагодување во новата средина, и секако успешна мисија на новата нива Господова во Австралија. Исто така, пак на отец Ѓорѓија Лапоски му посакуваме мирни и спокојни пензионерски денови и секако уште долги години да Му служи на Бога во епархиските храмови, велат од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *