Почетна Вера МПЦ-ОА Уште еден нов храм на МПЦ-ОА освететен во Германија
342673090_240486298654686_7773284961123859672_n
342246461_178925045095374_2310925666091980095_n
341797134_256675003428272_3894655145106110356_n
342698750_1386150058593623_2297831410535557262_n
341911546_1363840087792544_409382247670502_n
343588526_232464706038801_9006944214509208126_n
343588526_776843097130314_1820330237680495569_n
341946361_251209537437367_1649444165025160663_n

Уште еден нов храм на МПЦ-ОА освететен во Германија

2.77K
0

МПЦ-ОА доби уште еден свој храм во Европа, а со тоа македонската дијаспора во Европската епархија уште еден дом каде ќе ја сведочи својата духовно и културна самобитност.

Викендов беше осветена новата Македонска православна црква посветена на СВ. Браќа Кирил и Методиј во Дортмунд – Германија.

Чинот на осветување го изврши Архиепископот Охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г Стефан, надлежниот архиереј митрополитот европски г.Пимен и митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј. На чинот на осветувањето сослужуваа и епископите од Српската православна црква г.Григориј и г.Јустин, како и парохискиот свештеник Душко Пецов и др.свештенослужители од Европа и Македонија.

-Многуброен верен народ од сите краеви на Германија, па и од Европа беа сведоци на ваков несекојдневен настан. Ден збогатен со многу манифестации, со прекрасна дружба и прекрасна организација. Покрај Македонците можеше да се забележат и многу други луѓе од други националности и гости од германските власти и други организации. Во своите обраќања кон народот сите изразија задоволство и радост, а надлежниот архиереј г.Пимен потврди и најви дека продолжуваме со труд и работа и вети уште многу нови храмови низ цела Европа, велат од црковната општина на МПЦ-ОА во Дортмунд.

Овој храм почна да се гради на 29.04.2018 година, кога беше поставен камен-темелникот. Интензивната градба е од 2019 година, по што имаше стагнација поради короната, а интензивноста продолжи во последните две години.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *