Почетна Вести Унгарија со државни субвенции ќе гради православни цркви
Унгарија со државни субвенции ќе гради православни цркви

Унгарија со државни субвенции ќе гради православни цркви

157
0

Унгарскиот премиер Виктор Орбан потпишал декрет, со кој Владата на Унгарија ќе додел државна субвенција во висина од 7,5 милиони евра за реконструкција и изградба на православни цркви.

crkva ungardijaПравославните храмови ќе бидат под јуриздикција на Московската патријаршија. Според декретот на унгарската владата, државата ќе помогне во обновата на катедралата “Успение Богородично” во Будимпешта, храмот “Св. Троица ” како и на други храмови.

Минатата година унгарската влада одвои околу 300 000 евра за обновување на катедралата “Успение Богородично” во Будимпешта, кој во Втората светска војна била разурната. Таа е најстарата православна црква во унгарската престолнина. Изградена е во периодот 1791-1801 година.

Од 2006 до 2009 година на катедралата е извршена реставрација, која сепак не била комплетираната. Минатата година епархијата на Московската патријаршија во Унгарија успеала да се договори за распределбата на средствата за обнова.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *