Почетна Вести Христијанство Тимотеј: Изјавата на Агатангел е личен став, МПЦ не се меша во политика
Тимотеј: Изјавата на Агатангел е личен став, МПЦ не се меша во политика

Тимотеј: Изјавата на Агатангел е личен став, МПЦ не се меша во политика

684
0

Македонската православна црква се оградува од ставовите од владиката Агатангел кој во колумна објавена на интернет-порталите дава оценка за тековните разговори за разликите околу името со Грција. Портпаролот на МПЦ – владиката Тимотеј, за Алсат М вели дека црквата почитува индивидуални мислења, но сепак, стои настрана од политиката.

„Тоа не е став на Светиот синод и црквата. Црквата не е поставена да решава политички прашања, туку да се грижи за духовниот живот на православните верници. Да се остави политиката настана, да не се занимаваме со дневно политички прашања“, рече Владика Тимотеј, Портпарол на МПЦ – Охридска архиепископија.

Митрополитот на Повардарската епархија – една од дванаесетте на МПЦ, во колумна порача дека нашите преговарачи за името ќе бидат запаметени како предавници и одродници.

„Нека им биде јасно на сите дека ние Македонците не преговараме, ниту прифаќаме никакво поинакво име на својата држава освен Република Македонија, ниту пак имаме намера да си поигруваме со нашиот вековен македонски идентитет… Нека сфатат конечно дека нив никој не ги овластил да преговараат за прашања поврзани со македонската историја, со македонскиот јазик, име и идентитет. Секој што понатаму ќе продолжи да преговара и да им се умилкува на странските и грчките политичари е само еден дрзок слабак што мисли високо за себе“, рече Агатангел, Митрополит на Повардарската епархија на МПЦ.

Колумната на владиката Агатангел доаѓа во период на интензивирани преговори меѓу грчката и македонската страна. Во процесот, особено од страната на нашиот јужен сосед, Грчката православна црква се наметнува како силен играч. Таа ги предводеше националистичките протести кои се одржаа во Солун и Атина. Инаку, на минатонеделниот брифинг со уредници од повеќе медиуми, премиерот Зоран Заев посочи дека Владата ќе одржи средба со МПЦ, од која се очекува да се вклучи во процесот на преговори.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *