Почетна Вести Ислам Тетовскиот муфтија Несими: Незаконски сум сменет, прекршен е Уставот на ИВЗ
Тетовскиот муфтија Несими: Незаконски сум сменет, прекршен е Уставот на ИВЗ

Тетовскиот муфтија Несими: Незаконски сум сменет, прекршен е Уставот на ИВЗ

90
0

Незаконски и со прекршување на Уставот на Исламската верска заедница сум сменет од фукција, изјави денеска тетовскиот муфтија Ќани Несими. Тој денеска одржа прес-конференција и обвини дека раководството на ИВЗ незаконски го сменило на седницата  на 8 ноември, а на негово место е поставен вршител на должноста.

-На седницата се прекршени повеќе точки од уставот на ИВЗ. Одлуката за именување на в.д. Муфтија е спротивна на член 30 став 1 од уставот на ИВЗ кој вели: Неиздавање и повлекување на Мураселе го обврзува муфтиството во рок од 30 дена да предложи можни кандидати за муфтија. Истата незаконска одлука воедно е спротивна и на член 29 став 1 од Уставот на ИВЗ која гласи: Во Муфтиствата каде нема кадар според предвидените услови, се именува координатор, рече на прес-конференцијата Ќани Несими.

Вели дека писмено реагирале до раководството на ИВЗ оспорувајќи ја одлуката да се постави в.д муфтија.

-На ден 08.11.2023 год. писмено реагираше Муфтиството Тетово пренесувајќи едногласен донесен заклучок упатена до Ријасетот и реисул улема дека неповикувањето на Муфтијата на ИВЗ – Тетово е директен атак врз самиот основен уставен орган на ИВЗ, и спротивно на член 34 став 1 точка 2 каде е дефинирано членството на Ријасетот, меѓу другите член на Ријасетот со право на глас и на одлучување е и Муфтијата проф. Др. Ќани еф. Несими единствен легитимен претставник на Муфтиството Тетово, истакна Несими.

Тој најави дека ќе поднесе пријави до надлежните институции.

Во соопштението на ИВЗ од седницата на 8.11.2023 година се наведува дека по разговорите за актуелната состојба во муфтиствата на Тетово и Струга, била донесена едногласна одлука за разрешување на тетовскиот муфтија Ќани Несими и на и струшкиот муфтија Салим Сулејмани.

-Како вршител на должноста Муфтија до нови избори на Тетовското Муфтиство е именуван др. Селвер Џемаили. До нови избори, е поставен за вршител на должноста муфтија на Струшкото муфтиство г. Јусуф Исмаили. Ријасетот на ИВЗ на РСМ како највисок колективен орган, ги донесе горенаведените одлуки за зачувување на единството на муслиманското население во нашата земја како и за зачувување на интегритетот на Исламската Верска Заедница на РСМ, стои во соопштението од ИВЗ.

Средбата свикана од реисот на ИВЗ, Шаќир Фетахи според написите во медиумите се одржала без тројца муфтии, од Тетово, Струга и муфтијата од Куманово како и петтмината членови на Ријасетот кои беа на влијателни позиции а беа разрешени спротивно на Статутот од страна на реисот Шаќир Фетахи.

/СКОПСКО ЕХО

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *