Почетна Анализа Тајните „атентати“ на Ватикан против Хитлер
Тајните „атентати“ на Ватикан против Хитлер

Тајните „атентати“ на Ватикан против Хитлер

206
0

Тајна поддршка на Папата Пие XII во обид за соборување на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер е темата на новата книга која се базира на воените документи и интервјуа од агент на американската тајна служба. Автор на книгата е историчарот, Марк Риеблинг, кој смета дека оваа книга е вистината и најдоброто што можел да утврди во неколку години истражувања за тајните операции на Папата во Втората светска војна.

-Главна претпоставка е дека Пие одлучил да се спротивстави на Хитлер со тајни акции наместо со отворена протест. Како резултат на тоа, тој бил вклучен во три одделни акции од страна на германските дисиденти со цел да биде отстранет Хитлер . Мислев дека оваа идеја – дека Црквата ангажирана во тајни операции во текот на најкрвавите години во историјата, најконтроверзниот дел од својата понова историја, не е само фуснота,  тоа е нешто што вреди да се следи, вели Реиблинг.

Својата приказна ја раскажува книга  насловена „Црква на шпионите: Тајната војна на папата против Хитлер“,  објавена во септември 2015 година на шпански јазик.

Во доцните 1990-ти, дебатата за улогата на Ватикан и Папата во Втората светска војна, каки и околу тоа дали Пие XII доволно, или недоволно се спротивставил на нацистите, кулминираше со објавувањето на мошне контроверзна книга “Хитлеровиот Папа” од британскиот новинар Џон Корнвел. Книгата беше многу критична кон Пие XII, обвинувајќи го дека тој е соучесник во подемот на нацизмот.

Риеблинг, пак вели дека имал многу повеќе извори за пишување на својата книга, потенцирајќи најмалку десет документи кои имплицирале дека Пие XII и неговите најблиски советници, во три наврати биле во акција за отстранување на Хитлер.

-Пие станува клучен дел во заговорите за отстранување на владетелот кој е еден вид на Антихрист. Овие акции се едни од најневеројатни настани во историјата на папството, вели авторот на книгата.

Првиот настан се поврзува со периодот од октомври 1939 до мај 1940, заедно со заговорници од германската војска. Од крајот на 1941 до пролетта на 1943 е вториот заговор кој завршил кога поставената бомба на авионот на Хитлер не експлодирала.

И во третиот заговор повторно се вклучени Германски структури. Свештениците морале да бегаат по неуспешниот обид. Оние што не можеле да избегаат биле погубени.

Авторот вели дека за време на неговото истражување, открил дека за Пие XII биле тајно снимани разговори од настани кои се одвивале во неговата канцеларија. Транскриптите од разговори на Папата со германскиот кардинал покажале дека тој бил длабоко загрижен дека германските Католици би го одбрале Хитлер, наместо на Црквата. Тоа, вели авторот е и пресудниот момент во овие релации.

-Кардиналите побарале Пие да се помири со Хитлер, за да германски Католици не се отцепат и да не формираат државна црква, како што се случи во Англија”, вели Риеблинг, потенцирајќи дека нацистите имале сомнеж од изборот на Пие XII во 1939 година.

-Тој работеше напорно за да ги смират тие сомневања, за да се минимизира прогонот на германски Католици. Во еден момент Хитлер планирал да го нападне Ватикан, киднапира Папата и го донесе во Германија.  Пие станал свесен за овие планови преку неговите тајни папскати агенти и според мое мислење, тоа влијаело на одлуката на Светиот Отец да се вклучи во анти нацистички отпор “, вели Риеблинг во книгата.

ИЗВОР: CNA

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *