
Митрополитот Амфилохије и Бачкиот Епископ Иринеј Буловиќ, придружувани од поранешниот српски амбасадор во Ватикан, Дарко Танасковиќ во саботата биле на тајна средба со Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск во Ватикан.
Целата организација на посетата била во тајност, а и средбата со Папата била евидентирана како „приванта аудиенција“. Српските медиуми пишуваат дека српската црковна делегација во Ватикан била примена на молба на Патријархот Иринеј, но со барање таа да биде далеку од очите на јавноста. За нејзе не извести ниту протоколот на „Ватиканскиот дворец“, а немаше ниту соопштение по средбата.
Српските медиуми, повикувајќи се на извори од „Патријаршијата“ во Белград, пишуваат дека повод за средбата била иницијативата на Католичката црква во Хрватска за канонизација на Кардиналот Алојзе Степинац за светец. СПЦ веќе извесно време се противи на таа идеја, посочувајќи дека Степинац како Кардинал во втората светска војна има гоелма заслуга за развојот на фашизмот во тогашна Југославија. Втората причина за посетата на СПЦ во Ватикан била евентуалната посета Папата Франциск на Србија.
Српските медиуми пишуваат дека Папата ги прифатил објаснувањата на СПЦ и затоа ја стопирал канонизацијата на Степинац, а СПЦ ја прифатила иницијативата за широка и општа распрва за оваа инцијатива на Црквата во Хрватска.
Што се однесува пак до евентуалната посета на Папата на Србија, српската црковна делегација му пренела на Франциск дека Патријархот Иринеј нема а се противи на негово доаѓање, ако тое биде во функција на Шеф на Ватиканската држава.
За друга форма на посета на Патата на Србија, Амфилохије и Иринеј му пренеле на Франциск дека тоа би било тешко остварливо, пред се затоа што за такво нешто била потребна и согласност од „Московската Патријаршија“. Ставото на Рускиот Патријарх би бил пресуден за такво нешто.
Ако Српската црква треба да добие „одобрение“ од Руската црква да прими гостин, па нека биде и папата, дали тоа значи дека не е потполно автокефална? И зошто такво одобрение не бара од Вселенската патријаршија?