Почетна Вести Светиклиментовото духовно наследство
Светиклиментовото духовно наследство

Светиклиментовото духовно наследство

208
0

Свети Климент Охридски одиграл голема улога во историјата и писменоста на словените. Тој е првиот словенски архиереј кој служел, проповедал и пишувал на словенски јазик.

Ова во петокот на Православениот богословски факултет „Св.Климент Охридски“ го истакна ректорот на УКИМ Велимир Стојковски на тркалезна маса на тема „Св. Климент Охридски и неговото духовно наследство“, која се одржува во рамки на „Деновите на руската духовна култура во Македонија“ кои завршуваат утре со концерт на ансамблот „Русија“.

sveti kliment– Светителот Климент се смета за првиот словенски писател кој не само што го продолжил преведувачкото дело започнато од Светите Кирил и Методиј туку оставил и свои значајни и пишани дела. Во Охрид тој ја организирал книжевната школа со што Охрид станал еден од најголемите центри на словенската култура. Охрид бил извор на писменоста на сите словенски народи, рече Стојковски.

Според него, Свети Климент Охридски одиграл голема улога во преродба на словенството. Благодарејќи му нему, нагласи ректорот, словените се вброија во големите народи кои го слават господа на својот роден јазик.

Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак во своето обраќање рече дека многу е симболично што тркалезната маса се одржува на ден духовден кога, како што рече, ние се сеќаваме на нашите предци.

– Личноста на Свети Климент е многу важна во контекст на своето огромно историско значење од гледна точка на духовното единство на рускиот и македонскиот народ, истакна Шчербак.

Порача плодна работа, а на учесниците им посака да откријат нови страни од богатото наследство на големиот Свети Климент Охридски.

Во излагањето на професорот на УКИМ Димитар Пандев на тема „Свети Климент Охридски: охридската традиција и раната руска славистика“ тој се осврна на два предмета. – Првиот е дека Свети Климент е составен дел од охридската културна меморија, а вториот е клучниот настан во руската славистика, односно откривањето на оргиналното климентово творештво, рече Пандев.

Според него тие два настана креираат предмет со кој се дознава дека охриѓани уште од свети климентово време знаеле за климентовите творби кои биле само мал дел од сето она што го сторил во охридската културна трансформација.

На тркалезната маса се дебатираше на повеќе теми поврзани за охридскиот учител, меѓу кои за „Духовното наследство на Свети Климент Охридски“, „Климент Охриски во Русија“, „Свети Климент- македонска и словенска светлина“

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *