Почетна Вести Христијанство Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе се возобновува
Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе се возобновува

Светиклиментовиот универзитет на Плаошник ќе се возобновува

207
0

На денешната седница Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за реализација на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“ подготвена од Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство.

Владината прес-служба соопшти дека е дадена согласност и мислење за оправданоста и продолжување на проектот.

Министерството за финансии е задолжено да обезбеди средства за негова реализација – во висина од 50 милиони денари во државниот Буџет за 2023-та и 22 милиона и 700.000 денари во Буџетот за 2024 година.

Проектот за возобновување на Светиклиментовиот универзитет е почнат пред десетина години, но извесен период е во застој.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *