
454
0
Византискиот храм „Света Софија“, кој сега е музеј, ќе биде претворен во џамија за време на 30 дена за Рамазан, пишува грчкиот весник „Прото тема“.
За време на Рамазан, од 6 јуни до 7 јули, секој ден во „Света Софија“ ќе се чита Куранот, а рецитацијата на исламските текстови ќе биде емитувана во живо на религиозната турска телевизија „ТРТ Дијнет“.
Турските медими соопштуваат дека Куранот ќе се чита како дел од утринската молитва.
Храмот „Света Софија“ е вклучен во списокот на свети културни наследства на УНЕСКО.
Црквата е изградена пред шест века, а во 1453 година, кога Турците го заземале тогашен Константинопол, е претворена во џамија.
Од 1935 година зградата на некогашна „Света Софија“ е музеј.
/МИА