Почетна Вести Статуата Марија од Назарет во Македонија
Статуата Марија од Назарет во Македонија

Статуата Марија од Назарет во Македонија

363
0

marija od nazaretОд денеска па се до 27 мај 2016 во повеќе парохии во Македонија ќе престојува познатата статуа Марија од Назарет, пишува „католици.мк“.

Статуата на своето патување во разни држави в о Македонија ќе дојде од Бугарија, а потоа според предвиден протокол ќе биде изложена на повеќе локации.

Првиот ден ќе биде изложена во католичката црква во Радово, а последниот ден ќе биде во црквата во Скопје. Следната дестинација на статуата ќе биде во Косово.

Пред 18 години во своето прво патешествие, „Марија од Назарет“, тргнувајќи од Лорето обиколи многу земји по целиот свет за да во пресрет на Големиот Јубилеј (2000 години), односно 25 декември 1999 стигне во Витлеем. Во тоа Светско патешетвие престојуваше и во Македонија.

Престојот во Македонија беше карактеристичен, зашто наместо една седмица како што беше предвидено да престојува по главните градови низ сите држави, престојуваше две седмици зашто и беше забранет влез во тогашната СР Југославија.

Статуата Марија од Назарет, во Македонија престојуваше од 26 септември до 10 октомври 1998.

Од Католичката црква велат дека голема е радоста оти „Марија од Назарет“ и овој пат ќе биде придружувана од отец Џовани Марија Леонарди, свештеник-фрањевец, кој и пред 18 година ја придружуваше Марија во патешествието по светот.

Месец мај е посветен токму на Марија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *