Почетна Коментар Со свој камен, по глава…
Со свој камен, по глава…

Со свој камен, по глава…

1.03K
3

„Вселенскиот Патријарх, што го именуваме Вселенски, а правилно треба да биде Цариградски…“, ќе рече неодамна еден мотиватор на интриги. Нормално како и секогаш и ова интрига си има цел. За воља на вистината, мотиваторот тезите постојано си ги наметнува во зависност од потребите, така и сега оспорувањето на титулата на Вселеснкиот патријарх е наменско и целно во интерес на додворување на еден друг центар што би сакал да се дефинира како Вселенски.

Но, темата е друга. Темата се смешните, а понекогаш и трагични парадокаслни, нахални фејсбукопатриоти, а меѓу нив и одредени свештеници, или лица во мантии, кои брзаат, ли брзаат да ја одбранат тезата на мотиваторот. Колку повеќе омаловажување на Вселенската патријаршија, толку повеќе аплаузу од Московската Курија. Но најчесто кога плукаш угоре, сам себе се тушираш. Еве зошто?

Парадокост на фејсбукопатриотите е во нивната гордост за величање на што повеќе патриотизам за се што на некој начин има поврзаност со оваа територија, а од друга страна поради незнаењето сампогазување на истото.  Ако барем малку прочитале за Вселенски патријарх («Οἰκουμενικὸς πατριάρχης») како титулата што ја носи секој Патријарх на Вселенската патријаршија на Константинопол, ќе знаеле дека таа титула има многу важни корени со Македонија, пред да го омаловажуваат Вселенскиот патријарх за потребите на Московската Курија.

Историските податоци велат дека Прв Архиепископ на Константинопол, кој се стекнал со титулата „Патријарх“ е Анатолиј (449-458), согласно одлуките (28 канон) на Четвртиот вселенски собор во Халкидон (451). Историјата потоа залишала дека од почетокот на 6-от век, Патријархот Јован II Кападокиец (518-520) почнал да ја носи титулата „Вселенски“.

И тука е суштината. Историјата не е само фактите, туку во анализа на временските периоди и настани. Овие промени во црковната структура на Христијанската црква се случуваат во времето на Јустинијановата династија, која како семејството владеела со Римската Империја од 518 година со назначувањето на Јустин I за император, а завршила во 602 по крајот на владеењето на Маврикиј. Во текот на оваа династичка власт, Империјата ги вратила поранешните западни римски територии, заземајќи земји во Северна Африка, западен Балкан, јужна Шпанија и Италија. Тоа е една златна ера на Ромеја. А Јустинијановата династија е историско наследство на Македонија и тоа на оваа Македонија што денеска е држава. Јустин Први е роден во околина на Скопје, Јустинијан во Таор, Јустин Втори внук на Јустинијан и.т.н.

Значи, титулата што денеска му ја спорат на Вселенскиот патријарх ја носи од временто на македонската династија имератоти Јустинијана… Императорот Јустинијан не само што ја нарекол Црквата на Константинопол „Глава на сите Цркви“, но и во повеќето од своите Новели им ја дава титулата „Вселенски“ на Константинополските патријарси Епифаниј (520-535), Антим (535-536) и Мина (536-552). Патријархот Јован IV Посник, кој во 588 го свикал Константинополскиот собор за да го суди Григориј Антиохиски, ја носел титулата Вселенски во присуство на Александрискиот и Ерусалимскиот патријарх.

Историските белешки покажуваат дека титулата „Вселенски“ (“Universalis”) порано се давала и на папите на Рим. Но, за Источната црква, многу бргу станала ексклузивна титула на Архиепископот и Патријарх на главниот град на Источното Римско царство, Константинопол. Оваа титула произлегла како подражание на императорската титула. Бидејќи римските императори се нарекувале „Владика на Вселената“ («Δεσπότης τῆς Οἰκουμένης»), така и патријарсите на императорската престолнина се нарекувале „Вселенски патријарси“.

Што се однесува до користењето на титулата во писмените документи на Вселенската патријаршија, тоа се востановува за време на латинската окупација на Константинопол, во времето на Патријархот Герман II, додека тој се наоѓа во прогонство во Никеја. Кон сведоштво за величието и возвишеноста на Вселенскиот патријарх, писатели, јерарси и други, користеле зборови како „Највелик Архиереј“ («Ἀρχιερεύς Μέγιστος»), „оној што примил да врши надзор врз целиот свет“ («ὁ τὴν τοῦ σύμπαντος κόσμου ἐπιστασίαν λαχῶν», назив што Прокопиј Кесариски му го дал на Патријархот Фотиј).

Исто така, студитот Јосиф Вриениј го нарекува Константинополскиот Патријарх „Велик на Вселената и Врвен Архиереј“ («ὁ Μέγας τῆς Οἰκουμένης καὶ Ἄκρος Ἀρχιερεύς»).

И уште малку на оваа тема. Денес, според Меѓународното право, Вселенскиот патријарх се смета за „Меѓународна личност“ (International person), исто како и Римскиот папа. Современата пракса ја користи полната, официјална титула „Неговата Божествена Сесветост, Архиепископ на Константинопол – Нов Рим и Вселенски Патријарх“. Обраќањето е „Сесвет“, односно „Ваша Сесветост“, додека, пак, Патријархот сите документи (во чие заглавие е веќе внесена полната титула) ги потпишува како „+Константинополски [Вартоломеј]“. (во конкретниот случај).

Значи. Да заклучиме. „ Книги браќа,книги… а не ѕвонци и прапорци“.

 

Коментар(3)

  1. Самите ќе се изедиме. И кога Господ ќе не погледне, ние самите ќе си ги затвориме очите. Еден со еден нема да се погледнеме. Не само што замижуваме, туку и заспиваме. Жални и мизерни сме пред Бога. Самите ние за себе. Затоа ни било, така ни е и така ќе ни биде. Жално и таговно … за гревота сме. А, од ова вака ништо не добива никој, само сите ќе изгубиме се. Да не даде Господ и да ни се смилува …

  2. Vselenskiot (carigradskiot) patrijarh da ne beše, pod vlijanie na Vatikan, NATO i Brisel i ne ja priznaeše Ukrainskata crkva i NAJNOVATA MPC, će si beše samo Carigrad ski patrijarh i posebno za nas, protonačalnik na fanariotizmot. BIDEJKI seto toa go stvori, sega e samo satanist i poltron na papizmot i na NATO agresorot.

  3. Уште еден ‘ хвалоспев ‘ кон Цариградскиот патријарх, од страна на Уредникот! Од вакво величање’ се надевам дека Патријархот и Вашингтон ќе се смилуваат за да го напишат ‘ Томосот ‘ како треба!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *