Со различни политички ставови, но единствени во олтар – Пимен и Агатангел на литургија
768
1
Двајцата владици на МПЦ-ОА, кои во јавноста важат како најекспонирани во изјавите поврзани со политички пораки, но на различни политички страни, повторно демонстрираа единство во името на христовата љубов.
Митрополитот Повардарски Агатангел и Митрополитот Европски Пимен, заедно со новоизбраниот Епископ Полјански Јаков, на празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, отслужија Света Архиерејска Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес.
Домаќин беше токму Владиката Агатангел. Ако некој мисли дека станува збор за двајца лути противници, нека ја погледне фото галеријата од литургијата.
Редакција,мемате вести за постирање па почнавте глупости да пишувате!