Почетна Анализа Скандалозна најава за територијални претензии на СПЦ врз Македонија
Скандалозна најава за територијални претензии на СПЦ врз Македонија

Скандалозна најава за територијални претензии на СПЦ врз Македонија

1.53K
4

Новата титула на српскиот Патријарх, доколку Соборот на СПЦ ги изгласа измените на Уставот на СПЦ во мај оваа година, ќе има директни територијални претензии врз неколку независни и суверени држави на Балканот, од кои една е Македонија.

Белградски „Вечерње новости“ денеска објави детали од предлог измените кои ги подготвила комисијата на СПЦ, а во кои има прилично скандалозни предлог иницијативи.

Една од нив е новата титула што идниот српски патријарх ќе ја има и тој официјално ќе се нарекува „Архиепископ пеќки, митрополит белградско-карловачки и патријарх на српските и поморски држави“.

Според сегашниот, а и во идниот Устав СПЦ ќе пишува дека СПЦ има територијална јуриздикција на епархиите од Словенија до Македонија, па по тој контекст е извлечена и титулата на патријархот.

Но она што е особено скандалозно во таа титула е што СПЦ го користи терминот „српски држави“. Кои се тие српски држави, не е тешко да се претпостави. Бидејќи Македонија, Србија и Косово се единствени кои немаат излез на море, па и не можат да бидат вклучени во оној дел – „поморски држави“, тогаш сосема логично е терминот „српски“ да се однесува на Србија и најверојатно Косово, но и Македонија. Во сите држави од поранешна Југославија СПЦ има свои епархии и митрополити, а во Македонија тоа е црквата на Врнишковски ПОА.

Она што исто така е интересно за потенцирање е фактот дека во подготовката на новиот Устав учествувал и Јован Вранишковски, кој веројатно на јавноста во Македонија ќе треба да и објасни кои се оние српски држави на кои патријархот на СПЦ им е поглавар.

СПЦ со овие Уставни измени ќе го промени и официјалното име, кое во иднина ќе ја има и додавката Пеќка Патријаршија. Па така новото име на СПЦ ќе биде „Српска Православна Црква – Пеќка Патријаршија“.

Ќе се менува и начинот на избор на патријарх и наместо досегашното апостолско правило со ждрепка меѓу тројца владици, изборот ќе биде на тајно гласање со потребно двотретенско мнозинство.

Коментар(4)

  1. Опет би да појасним . Нема разлога за оваква подметања . Није овде реч ни о каквим претензијама , већ о историјској титули коју је носио Свети Сава од 1219 ,а она је гласила :”Архиепископ свих српских и поморских земаља”. Отуда ово “српских и поморских земаља”у титули пећког партијарха . Иначе ове измене су веома добре , јер уводе стари назив наше помесне Цркве , а то је Пећка Патријаршија . Етнофилетистички назив СПЦ мора отићи у историју .

  2. Веќе има добро дефинирани граници и достоинствен народ со свој јазик и националност.Така да србската организација Поа и суетната желба на Црквата во Србија за властољубива доминација над останатите народи кога биле безпомошни и раслабени како во минатото ќе си остане само имагинација на овие простори!
    Да постои Архиепископ со назив местобљуститељ охридски но во охрид нема власт ни над една тула!

  3. СПЦ може колку сака да си менува членови од нејзиниот Устав. Тоа не може, ниту смее да биде прифатено од било кој во Македонија. Јурисдикцијата на СПЦ за епархиите во Македонија е завршена во 1959 год., кога Архиерејскиот Собор на СПЦ констатирал дека „епархиите во Народна Република Македонија се издвоиле во посебна Православна Црква со свој Устав, истовремено констатирајќи дека одредбите од Уставот на СПЦ повеќе не важат за епархиите во Македонија. И конечно било какво и да е јурисдикционо прашање е завршено со возобновувањето на Автокефалијата на Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ во 1967. Треба еднаш засекогаш и Србите, и домашните „духовни“ квислинзи претставени во припадниците на т.нар. „поа“, да сфатат дека времето на СПЦ во Македонија е завршено и доколку сакаат вистински дијалог и братска љубов помеѓу српскиот и македонскиот народ, мора да ја прифатат таа реалност – Македонците НЕМА да прифатат друга Црква (ниту друга „оа“) освен својата Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија. Тоа што веќе го имаме, лудост е да го бараме од други да ни го дадат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *