Почетна Вести Скандал во Бугарската црква
Скандал во Бугарската црква

Скандал во Бугарската црква

464
0

dionisij bpcСвештениците од најголемата црква на БПЦ, Соборниот храм, „Св. Александар Невски“ одбија да служат литургија со старешината на црквата, Архимандритот Дионисиј поради неговото самоволие.

За да не пропадне литургијата за „Св.Ѓорги“ кој во Бугарија масовно се чествува, биле повикани свештеници од друга црква.

Свештениците организирале бунт против Архимандритот обвинувајќи го дека не го почитува Патријархот Неофит, бидејќи дозволил раздавањето на литургискиот леб да се врши од рака на рака, што го оценуваат како подбивање со телото Христово.

Скандалот сепак почна поради неговата самоволна одлука да организира огномет за Велигден на Црквата. Синодот на БПЦ изјави дека не дал дозвола за таков тип на прослава на Христовото воскресение.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *