Сите жртви од нападот крај џамијата во Лондон се муслимани

Date:

Share post:

Сите жртви од нападот што се случи крај џамијата во лондонската населба Фајнсбури Парк се муслимани, изјави претставникот на противтерористичката единица на лондонската полиција Нил Басу.

– Инцидентот ги има сите карактеристики на терористички акт, нагласи Басу. – Се уште не е познато дали смртниот случај покрај џамијата  е последица од нападот со комбито и кои се мотивите за нападот, додаде тој.

Синоќа, по полноќ маж со комби влета во група верници кога излегувале од џамијата, при што едно лице загина а десетмина се повредени.

Напаѓачот (48) е упасен од страна на лондонската полиција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img