Почетна Вести Синодот на БПЦ го разреши контроверзниот архимандрит, поделбите остануваат
Синодот на БПЦ го разреши контроверзниот архимандрит, поделбите остануваат

Синодот на БПЦ го разреши контроверзниот архимандрит, поделбите остануваат

184
0

dionisij aСинодот на Бугарската православна црква, по три дена конечно собра кворум за да одржи седница на која донесе одлука да го отстрани од Соборниот храм „Св. Александар Невски“ контроверзниот архимандрит Дионисиј и да му изрече забрана за свештенодејствие.

За нов старешина на најголемата црква во Софија е назначен архимандритот Герасим, главен секретар на Светиот Синод.

Архимандрит. Дионисиј нe не само што е отстранет туку му е забрането служење се додека новназначната посебна анкетна комисија не ги испита неговите канонски прекршувања.

Кворумот за работа на Синодот, по две одлагањеа бил ообезбеден денеска од Варненскиот митрополит Јован, кој се вратил од  Крит, каде учествувал во подготовката на Сеправославен собор.

Архимандритот Дионисиј за бугарските медиуми изјавил дека нема да ја коментира одлуката на Синодот, но потенцирал дека забрана за богослужба на духовник наречен за епископ, може да биде донесена само на Архиерејски собор со мнозинство. Но токму ова е и најинтересниот дел од овие случувања. Според информациите на бугарските медиуми Архиерејскиот собор на БПЦ досега никогаш во историјата не заседавал.

Според дел од медиумите во Бугарија и покрај оваа одлука на Синодот, недоразбирањата во Бугарската православна црква се очекува да продолжат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *