
Што порача Отец Пимен пред утрешната задушница
1.48K
0
Европскиот митрополит, г. Пимен, вечерва пред утрешниот ден Задушница, ги повика верниците на хуманост. Смислата на раздавањето храна е да им се помогне на гладните и сиромашните, вели Владиката Пимен.
-Кога утре на гробовите на вашите покојни ќе раздавате за покој на нивните души, немојте да ги презрете овие раце без разлика на вера, нација, раса. Смислата на раздавањето е да нахраниме гладен и сиромав, а не на комшијата да му покажеме дека имаме најубави паковки.
И секако повикајте го свештеникот да се помоли за покој на душите.
Вечен им спомен на сите упокоени во Христа нашиот Бог!, напиша Отец Пимен на својата фејсбук страница.