Почетна Политичка теологија Шок во Ватикан: Екс Папата Бенедикт XVI жестоко ја нападна Католичката црква
Шок во Ватикан: Екс Папата Бенедикт XVI жестоко ја нападна Католичката црква

Шок во Ватикан: Екс Папата Бенедикт XVI жестоко ја нападна Католичката црква

933
0

Во еден од навистина ретките настапи во јавност, во последното интервју за дневниот весник на италијанската бискупска конференција, од 16 март оваа година, екс папата Бенедикт XVI жестоко го критикува католицизмот и отворено проговорил за двојната длабока криза со која се соочува Католичката Црквата по Вториот ватикански Собор, кој воедно е еден од најважните настани во XX век на Католичката црква.

Интервјуто насловено „Да дозволиме Христос да не обликува“, Бенедикт многу критички зборува за промените кои настапиле во самото верување и теологијата на Католичката црква, на моменти „признавајќи“ дека некои погледи на изворното христијанство (кое сега се практикува во Православната црква н.з.) е многу пореално и вистинито.

Папата Бенедикт потсетува на некогаш незаобиколното католичко уверување за можноста за губење на вечното спасение, односно дека луѓето одат во пеколот:

-Мисионерите во XVI век беа уверени дека некрстените луѓе се изгубени засекогаш. По (вториот ватикански собор) ова уверување дефинитивно е напуштено. Резултат беше двојна длабока криза. Без тоа усмерување на спасението, верата ги губи своите темели, вели Бенедикт

Avvenire-Benedit-XViТој исто така зборува за последиците од „развојот на догмата“ во однос на догмата по која нема спасение надвор од Црквата. Оваа наводна промена во догмата довела, (во очите на Бенедикт), до пораз на мисионерскиот жар во Црквата.

-Секоја мотивација за идни мисионерски определувања е отстранета, вели Бенедикт

Папата во оставка, Бенедикт поставува остро прашање мотивирано од оваа огромна промена во ставот на Црквата:

-Зошто би се обидувале да ги уверуваме луѓето да ја прифатат христијанската вера ако можат да се спасат и без нејзе?, се прашува екс Папата.

Што се однесува до другата последица од овој нов став во Црквата, самите Католици, во очите на Бенедикт, станале помалку поврзани со сопствената вера.

-Ако има такви кои можат да ја спасат својата душа со други средства, зошто христијанинот би морал да биде врзан со христијанското верување и морал, прашува Папата. И заклучува:

„Но, ако верата и спасението веќе не се поврзани, тогаш и верата станува безпредметна“.

Бенедикт исто така ја негира идејата за „анонимни христијани“, која што ја развил Карл Рахнер, како и индиферентната идеја дека сите религии се еднакво вредни и корисни за постоењето на вечниот живот.

Уште помалку го прифаќа решението кое го предлага плуралистичката теорија на религијата, по која сите религии, секоја на свој начин, има свој начин на спасение, па според тоа, мораат еднакво да се земат предвид.

-Критиката за религијата на начин од Стариот завет и Првата црква е многу пореална, конкретна и вистинита во самото проучување на различните религии, вели Бенедикт

Бенедикт потсетува дека Црквата не се создала сама од себе, таа е Божја креација  и постојано се формира по Него.

-Се изразува пред се во крштението: Не влегуваме во Црква со бирократски чин туку со помош на таа света тајна, вели Папата во оставка, кој и понатаму инсистира дека се уште се потребни милост и опростување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *